Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24

    Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    29.09.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерството за транспорт: По 14 години обезбедени нови електрични автобуси кои ќе го намалат загадувањето и метежот
    • Голем месечен хороскоп за октомври 2026: Дознајте што ви носат ѕвездите на полето на љубовта, работата и здравјето
    • Хоџа: Потребни се зацврстени инспекциски органи и регионална соработка
    • Соседот го тепаш мојот малолетен син, ми се закани ии мене – загрижена скопјанка се јавила во болница
    • Од утре започнува зимското работно време на зонското паркирање во Скопје
    • Голема еколошка акција во Гази Баба: Администрацијата, јавното претпријатие и учениците чистеа јавни површини низ општината
    • Јаневска: Ниту еден студент кој ги исполнува условите нема да остане без соба
    • Шасивари најави средба со Филипче за враќање на СДСМ во изборните реформи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерството за транспорт: По 14 години обезбедени нови електрични автобуси кои ќе го намалат загадувањето и метежот

    Министерството за транспорт: По 14 години обезбедени нови електрични автобуси кои ќе го намалат загадувањето и метежот

    30.09.2026 во 15:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По 14 години, Владата обезбеди нови автобуси, што ќе помогнат во намалување на загадувањето, решавање на сообраќајниот метеж и подобрување на урбаната мобилност, соопшти денеска Министерството за транспорт. Автобусите што ќе се набаваат се целосно електрични и со капацитет од најмалку 33 седечки седишта и вкупно 67 патници.

    Од Министерството истакнуваат дека ова е прва голема набавка на нови електрични еколошки автобуси со која директно се влијае врз намалување на аерозагадувањето во Скопје и другите општини, а во врска со тендерската постапка појаснуваат:

    – Во постапката, која беше јавна и транспарентна за јавноста и во целост отворена за сите понудувачи, во согласност со Законот за јавните набавки при електронската аукција, се постигна најдобра единечна цена за автобус од 321.958 евра, без ДДВ. Сакаме да потенцираме дека автобусите се стандардни, со автоматски регулиран клима-уред за ладење/греење, максимална моќност најмалку 350 kW на електромоторот, дисплеј-екрани за прикажување станици и број на линии, со три врати, платформа за лица со инвалидитет, со најсовремени системи за кочење и безбедност, како и со стандарден капацитет со кој целосно се задоволуваат потребите за превоз на патници по европската директива 2018/858 и во согласност со ИСО-стандардите 15118. Го цениме интересот на јавноста во однос на набавката, но мораме да нагласиме дека при правење споредба мора да се земат сите технички каректеристики на автобусите во однос на должината, капацитетот, погонот на работа, системите за безбедност и квалитетот.

    Нагласувајќи дека секоја паушална споредба е обид за манипулација, оттаму додаваат:

    – Набавката беше целосно транспарентна и во согласност со Законот за јавните набавки се избра најповолниот понудувач. Исто така, сакаме да потенцираме дека автобусите со кои се прави споредба се на погон на компримиран природен гас и се работи за автобуси што се со целосно други технички карактеристики. Автобусите што ќе се набаваат се со капацитет од најмалку 33 седечки седишта и вкупно 67 патници, а кога веќе се прават несоодветни споредби, донираните автобуси се на компримиран природен гас и имаат вкупно 29 седечки места, што значи 4 седишта помалку. Се работи за друг тип на автобуси и затоа е несоодветно да се прават вакви споредби. Тоа е како да се прави споредба на автопат и експресен пат. Автобусите што беа предмет на набавка се целосно електрични автобуси.

    За споредба, од ресорното министерство наведуваат дека во Загреб биле набавени 62 електрични автобуси за 56,8 милиони евра, додека во земјава со 59,9 милиони евра се набавуваат 150 автобуси и 75 полначи.

    Прочитај повеќе

    Хоџа: Потребни се зацврстени инспекциски органи и регионална соработка

    30.09.2026 во 14:39

    Соседот го тепаш мојот малолетен син, ми се закани ии мене – загрижена скопјанка се јавила во болница

    30.09.2026 во 14:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.