Author: Author 04

„Скоро две години откако сум претседател на Владата, се разбира дека не е лесно да се управува состојба во која што треба да менаџирате работи кои што можеби вие како човек не сте ги живееле или не сте влијаеле да тие се случат, но тие се случиле и вие мора да ги менаџирате, бидејќи ако не ги менаџирате и се откажете тогаш проблемот ќе биде уште поголем. И тоа можеби е најголемиот предизвик да се менаџира товарот од минатото“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање околу главните предизвици во двете години од мандатот,…

Повеќе

Брутално убиство ја потресе белградската населба Раковица, откако М.П. (67) утрово го лишила од живот својот сопруг З.П. (76). Според првичните информации, злосторството било извршено на исклучително свиреп начин. Се сомнева дека жената го убила сопругот забивајќи му дрвен предмет директно во срцето. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за ногарка од стол. Полицијата веќе го пронашла предметот со кој е извршено делото и истиот е испратен на вештачење. Станарите од околните згради велат дека биле сведоци на силна бучава непосредно пред трагедијата. „Се слушна бучава, а во еден момент експлодираше како бомба. Тогаш ја повикавме полицијата“, вели еден од…

Повеќе

Вчера во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Повеќе

Првиот заменик на Претседателот на Владата и Министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на дискусија посветена на дигиталната трансформација и поддршката на општините во процесот на европска интеграција. Во своето обраќање, министерот Сали нагласи дека европската интеграција мора да биде видлива за граѓаните преку конкретни, функционални и достапни услуги на локално ниво. „Наш приоритет е да ги претвориме европските политики – од acquis, Реформската агенда и ИПА програмите – во практични дигитални решенија за општините, како што се е-дозволи, дигитално урбанистичко планирање, локални даночни системи и услуги за животна средина“, истакна Сали. Тој додаде дека Министерството работи на воспоставување…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Братислава учествуваше на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан”, на покана на словачкиот министер за надворешни работи, Јурај Бланар. Групата, која ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, дискутираше за забрзување на пристапниот процес во актуелниот геополитички контекст. Во дискусиите беше нагласена потребата од храбри и стратешки одлуки за проширувањето на Унијата. Во своето обраќање, Муцунски ја истакна важноста од отстранување на пречките за непречена трговија со ЕУ. „Концептот на постепена интеграција треба дополнително да се надгради со нови иницијативи кои ќе овозможат поактивно…

Повеќе

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за кој не поседувал дозвола. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.

Повеќе

На премиерот Мицкоски и на ВМРО им одговара да ја држат државата изолирана од Европската Унија за да можат да продолжат да го крадат народот, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24. Димитријевиќ посочи дека целата хистерија и спинови што ги пласира ВМРО околу идентитетските прашања е само за да продолжат со криминалот и корупцијата. Тој изјави дека СДСМ со месеци предупредува дека власта свесно ја држи државата во изолација, бидејќи европската интеграција ќе значи воведување ред и крај на криминалот на ВМРО. „На Мицкоски му одговара оваа ситуација, да ја…

Повеќе

Највисоката цена за станбен квадрат во првиот квартал од годинава е постигната во општина Кисела Вода, каде стан од 45 метри квадратни е продаден за 177.667 денари по метар квадратен, односно околу 2.888 евра. Ова го покажуваат најновите податоци од Извештајот на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот јануари-март 2026 година. И покрај високите поединечни цени, извештајот нотира значително намалување на активноста на пазарот. Бројот на продадени станови е намален за 27 проценти во споредба со претходниот квартал, а вкупната финансиска вредност на пазарот на недвижности изнесува 276,3 милиони евра, што е пад…

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека Град Скопје бележи историски најдобар прв квартал во делот на капиталните инвестиции. Според неговите податоци, во првите три месеци се реализирани 335,75 милиони денари, што претставува 18,12% од вкупно планираните средства за оваа намена во 2026 година. Ѓорѓиевски истакна дека во април реализацијата достигнала 464,45 милиони денари, што е највисок износ за овој месец досега. „Заклучно со 8 мај 2026 година, односно за период од само 4 месеци и 8 дена, реализацијата на капиталните инвестиции изнесува повеќе од 480 милиони денари, со што веќе се реализирани 26% од вкупно планираните капитални инвестиции.…

Повеќе

Денеска (12.05.2026) во 13:00 часот во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе се одржи вонредна прес-конференција за медиуми на која ќе се обрати Антонио Милошоски,  член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во контекст на запрената постапка за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино.

Повеќе