Author: Author 04

Како земја на Балканот која нема излез на море, реализираме огромни инвестиции во развој и модернизација на двата европски коридори 8 и 10 што поминуваат низ Македонија. Работиме на изградба на автопати на Коридор 8, исто така градиме железница на источниот дел на овој коридор. Паралелно започнавме со изградба на брза пруга на Коридорот 10, а работиме и на воведување на ИТС системи на патниот дел. Заедно со соседите работиме и на проширување на граничните премини, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на глобалниот настан “Денови на поврзување на Европа” што се оддржува во Брисел. На панелот посватен…

Повеќе

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ц.(62) од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“. Тој, на 25.08.2026 со потпалување на сува трева и грмушки предизвикал пожар на отворен простор во атарот на струшкото село Ложани. По преземени мерки, полициските службеници го приведоа и лишија од слобода.

Повеќе

Вчера во 17:00 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа Р.М.(27) од Кичево, Е.А.(46) од Струмица и М.Д.(45) од Кавадарци затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија и агресивно с еоднесувале кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски денеска започна мирен протест со штрајк со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, откако изминатиот период не добил никаков одговор од надлежните институции на неговите прашања и реакции. Василевски преку јавна објава им се заблагодари на сите за дадената поддршка, нагласувајќи дека овој чекор не е насочен против никого лично: – Оваа одлука не ја донел лесно и дека неговата акција не е насочена кон никого лично. Тој на местото на протестот постави клупа, а најави и поставување шатор со намера да престојува таму 24 часа дневно во периодот што следи. Протестот…

Повеќе

Вчера во 18:30 часот на ул.„Орце Николов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода М.Ј.(61) од Свети Николе. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во велосипед управуван од петгодишно дете од Свети Николе. Во незгодата, детето се здобило со телесни повреди , констатирани во здравствена установа, а при преземање мерки било констатирано дека М.Ј. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во организмот, информираа од МВР.  Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно…

Повеќе

Вчера во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Г.А. врз Д.Ј.(47), двајцата од истото село, при што Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. По целосно документирање на настанот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Владата нема одговори ниту за лошиот животен стандард на граѓаните, ниту за европската интеграција, ниту за начинот на кој ја води надворешната политика, обвини портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. „Единствената тема каде што не можете да ги лажете граѓаните е економијата и финансиите. Зошто Владата не прифаќа да ја покачи минималната плата на 600 евра? Кои плати ги покачи ВМРО? Како Влада дефинитивно покажаа дека немаат никаков капацитет, првенствено за социјален дијалог, а потоа и за сè останато. Влада која нема никаков осет за граѓаните и вели…

Повеќе

Системот „Мој Термин“ во периодот од 1 јануари 2021 до 30 април годинава воопшто не бил покриен со договори за одржување вкупно 738 дена, односно 37,9 отсто од анализираниот период, покажува конечниот извештај од ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) насловен „Мој Термин – оптимизација на здравствените процеси и подобрување на квалитетот на здравствената заштита”. Во истиот период за одржување на системите во јавното здравство биле вложени 333,3 милиони денари (5,42 милиони евра), но само девет отсто од овие средства се однесувале на националниот здравствен информатички систем, додека 91 отсто завршиле кај други системи, при што 48 отсто од…

Повеќе

Американската сојузна држава Тенеси не успела да ја изврши смртната казна врз 50-годишната Криста Гејл Пајк, осудена за убиство извршено кога имала 18 години. И покрај тоа што ѝ биле дадени две дози пентобарбитал, таа останала жива, по што со брза помош била пренесена во болница, а нејзината здравствена состојба во моментот не била позната. Новинарите присутни на егзекуцијата сведочеле дека Пајк била врзана за носилка, при што во еден момент прашала дали е нормално нејзината рака да се чувствува на одреден начин. По втората доза дадена до 20:26 часот, зад повлечената завеса се слушало како таа гласно дише и…

Повеќе

Агенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, која има деструктивна и малициозна агенда за остварување влијание врз јавниот дискурс, во корист на странски интереси. Во рамки на заеднички координирани активности, на 18 септември 2026 година преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин поврзан со странски фактори кои креираат пропаганден апарат преку мрежа на портали интегрирани во домашниот медиумски простор. Поради сомнение за сторени кривични дела меѓу кои предизвикување национална и верска омраза, одавање службена тајна и ширење расистички материјал, извршен е претрес во неговиот дом:…

Повеќе