- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
Украинските сили во текот на ноќта извршија напад со беспилотни летала врз руската покраина Краснодар, таргетирајќи ја инфраструктурата за превоз на нафта во селото Волна. Првите информации за нападот се појавија на руските Телеграм канали, а подоцна беа потврдени и од локалните власти. Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат густи столбови чад над блиското пристаниште. Оперативниот штаб на Краснодарската област потврди дека нападот предизвикал пожар во „една од собите“, при што едно лице е повредено. Податоците од системот FIRMS на НАСА регистрираа пожар во складиште за нафта во близина на пристаништето. Станува збор за терминалот „Таманнефтегаз“, клучен објект преку кој…
Француска патничка, која се заразила со хантавирус за време на патување со крузер, се наоѓа во критична состојба и е приклучена на апарати за вештачки бели дробови. Ова го потврди лекар од париската болница „Биша“, каде што пациентката се лекува од тешка форма на болеста. Според д-р Ксавие Лекјур, специјалист по инфективни болести, вирусот предизвикал животозагрозувачки проблеми со срцето и белите дробови кај жената. „Таа е на апарат за одржување во живот кој ја испумпува крвта низ вештачки бел дроб, ја снабдува со кислород и ја враќа во телото. Надежта е дека апаратот ќе го олесни притисокот доволно за да…
Во Скопје денеска продолжува 13-тото издание на Самитот на „Македонија 2025“. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, вториот ден од агендата носи дебати за клучните економски и технолошки предизвици. Меѓу главните теми на денешните панели се „Одлуки што ги обликуваат економиите“, „Победа со вештачка интелигенција: Од возбуда до вистинска конкурентска предност“ и „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“. Дискусиите се фокусирани на економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација и улогата на дијаспората во севкупниот развој на државата. Манифестацијата ќе заврши попладнево, а предвидено е завршно обраќање да има министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо…
Вкупно 10 лица кои биле во контакт со заразени од хантавирус на оддалечени острови во Атлантскиот Океан, итно ќе бидат вратени во Обединетото Кралство. Станува збор за патници од крузерот „Хондиус“ и медицински персонал кои веднаш по пристигнувањето ќе бидат ставени во превентивна изолација. Британската служба за здравствена безбедност потврди дека групата е веќе изолирана и се чека нивниот транспорт. Евакуираните во моментов се наоѓаат на две локации: дел на островот Асенсион, а останатите на островот Света Елена. Надлежните смируваат дека лицата засега се во добра здравствена состојба. „Евакуираните лица засега не покажуваат симптоми на хантавирус, а карантинот се спроведува…
Доналд Трамп упати серија жестоки напади кон поранешниот американски претседател Барак Обама преку својата социјална мрежа „Truth Social“. Во текот на само една вечер, Трамп објави над 50 пораки насочени кон неговите политички противници, каде Обама беше главната цел на неговиот гнев. Трамп во една од објавите директно повика на правна пресметка и затворски казни за своите опоненти, обвинувајќи ги за најтешки кривични дела. „Уапсете ги сите. Обвинете ги сите. Веднаш затворете ги поради издана, велепредавство и заговор за уривање на владата на САД. Но, почнете од Барак Обама“, напиша Трамп. Поранешниот претседател ги повтори и недокажаните тврдења за шпионажа…
Службите на Општина Центар спроведуваат интензивна пролетна акција за косење трева со цел да се обезбедат чисти, уредени и прегледни зелени површини на подрачјето на целата општина. Екипите на ПОЦ денови косеа во Капиштец, Дебар Маало, Пролет, спроти Веро, парк Франкофонија, кај „Агромеханика“, Градски ѕид, Водно, и општинските училишта. Денеска службите се на терен на Кале, а во наредните денови активностите продолжуваат во населбата Буњаковец. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски посочи дека станува збор за пролетна акција за уредување на зелените и тревните површини согласно пропишаните стандарди. „Цел ни е да имаме зелени површини што ќе бидат безбедни од…
Со оглед на фактот дека вчера на седница Владата усвои Предлог закон за игри на среќа, а истовремено политичката партија „Левица“ најави свој предлог за целосна забрана на легалните објекти, јасно е дека економскиот сектор игри на среќа повторно станува дежурна тема на која политичарите се обидуваат да печалат политички поени, тргнувајќи го фокусот на јавноста од вистинските проблеми.Очекуваме политичка партија „Левица“ која прокламира левичарска идеологија и заштита на работничките права, да објасни како е можно да се залага 10 илјади вработени да останат на улица, без егзистенција.Жалиме што Владата не ги прифати нашите претходни апели. Одговорно тврдиме дека за…
Поминаа 48 часа од скандалозната изјава на пратеникот на ДУИ, со која директно беа навредени нашите стратешки меѓународни партнери, а од ДУИ нема ниту дистанцирање, ниту извинување, ниту било какво појаснување. Овој молк не е случаен. Молкот на ДУИ е политичка потврда на нивниот антизападен менталитет, велат од ВЛЕН. „Кога се напаѓаат Соединетите Американски Држави и Европската Унија, секој политички субјект што тврди дека е прозападен би се дистанцирал веднаш. Доколку ваков навредлив говор кон САД и ЕУ доаѓа од пратеник кој по професија е лекар и важи за професионално изграден човек, тогаш со право се поставува прашањето: каков менталитет…
Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев послушник на Борисов, Филипче пиун на Радев, кој, освен што го прифаќа, е и главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Изгубени во својата безидејност и тонењето на политичката сцена, нервозниот Венко Филипче и СДС, наместо да ги бранат македонските интереси, тие се ставија во служба на бугарските и користи ист речник како официјална Софија. Не почека ни еден ден по доаѓањето на новата власт во Бугарија, Филипче веднаш се стави на располагање на Румен Радев и директно изјави дека, доколку тој…
Уште само 18 дена остануваат до истекот на рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на реформите потребни за продолжување на ЕУ интеграциите, се вели во соопштението од СДСМ. „18 дена до ново неисполнето ветување. 18 дена до нов доказ дека организирана криминална група ВМРО-ЗНАМ – тендер коалиција, намерно ја блокира европската иднина на Македонија. Мицкоски вети дека до јуни ќе ја заврши Реформската агенда. Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само две, делумно. Сега, за еден месец треба да се завршат осум. Тоа не е реформа. Тоа е лага. Мицкоски не ги исполнува реформите…
