- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
Вчера околу 20:00 часот, по претходно добиени сознанија и по консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, а со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршија претрес во домот и помошни простории во Охрид каде престојува И.Ј.(31) од Кичево. При претресот е пронајдена и одземена марихуана, по што лицето е повикано во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Православните верници денеска го чествуваат споменот на Светиот Јаков Зеведеев, еден од дванаесетте големи апостоли на Исус Христос. Како брат на Јован Богослов, тој беше меѓу првите кои ги оставија рибарските мрежи за да тргнат по патот на Спасителот. Јаков се вбројува меѓу тројцата најблиски ученици на кои Господ им ги откриваше најголемите тајни, вклучувајќи го Преображението на Тавор и молитвата во Гетсиманската градина. По примањето на Светиот Дух, тој го ширеше христијанството низ многу краишта, стигнувајќи дури до Шпанија. Светите преданија бележат дека по неговото враќање, Евреите не можејќи да го победат во расправите, го обвинија пред Ирод. Заедно…
Корисниците од неколку улици во општина Чаир денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН Македонија АД информираат дека прекинот е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Според известувањето, без електрична енергија ќе бидат корисниците од следните локации: Прекинот е предвиден да трае во периодот од 07:30 до 13:30 часот. Станува збор за дел од корисниците лоцирани во Старата скопска чаршија.
Штипската полиција поднесе кривична пријава против 65-годишен маж, управител на образовен центар, под сомнение за недолично однесување кон малолетни ученички. По лишувањето од слобода, на осомничениот веќе му е одредена мерка притвор. Според информациите од МВР, станува збор за лицето А.Ш. (65) од Штип, кој бил приведен на 11 мај околу 20 часот. Тој се сомничи дека во подолг период, за време на дополнителна настава, ги допирал ученичките по телото. „Случајот бил пријавен во полициска станица од страна на родители, во присуство на ученичките и претставници од Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип“, стои во полициското соопштение.…
Денешниот ден носи брзи идеи кои бараат практична примена и стабилност во меѓучовечките односи. Прочитајте што предвидуваат ѕвездите за вашиот знак:
Денеска со почеток во 18 часот на локацијата „Школка“ во Градскиот парк се отвора јубилејното 15. издание на фестивалот „Виноскоп 2026“. Манифестацијата, која се одржува под покровителство на Град Скопје, ќе трае до 17 мај. Љубителите на виното ќе имаат можност да дегустираат широк спектар на македонски вина од бројни домашни винарии. Покрај винската понуда, организаторите најавуваат богата гастрономска содржина и музичка програма со домашни изведувачи и диџеи. „Продолжуваме со поддршката и промоцијата на македонските производители на вино, винската традиција и потенцијалот на земјата за развој на винскиот туризам“, посочуваат од Град Скопје. Фестивалот во текот на работната недела ќе…
Денеска не очекува променливо облачно време, со почести врнежи од дожд во западните делови на земјата. Според синоптичарите, локално постојат услови за краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Во однос на ветерот, во западните предели ќе дува западен, додека долж Повардарието ќе дува северен ветер, кој повремено ќе засилува. Температурниот опсег ќе се движи од минимални 5 до максимални 24 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во утринските часови во делови од котлината е можна појава на слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, со максимална температура до 20 степени. Управата за хидрометеоролошки работи…
Во една скопска населба синоќа бил заловен волк, кој според првичните информации, бил незаконски чуван како домашно милениче. Животното било затекнато со ремче и ланец, по што веднаш биле известени надлежните служби. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати остра осуда за овој настан, нагласувајќи дека ваквото однесување ја загрозува безбедноста на сите граѓани. „Вечерва во една скопска населба беше заловен волк, кој очигледно бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш беа известени сите надлежни институции. Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа…
Силно невреме со поројни дождови, олуен ветер и град го зафати регионот, предизвикувајќи сообраќаен колапс и сериозни материјални штети во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Во Србија најкритично беше на автопатот Ниш-Алексинац. Сообраќајот беше во целосен прекин поради силен град кој го побеле коловозот среде мај, а возачите беа принудени да застанат поради нулта видливост. Секторот за вонредни ситуации при српското МВР издаде итен апел: „Граѓаните да ги следат упатствата и да ги заштитат своите возила“. Во Хрватска, олујниот ветер во Загреб корнеше дрвја и носеше покриви. Директоратот за цивилна заштита прими над 250 повици, а едно лице е…
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, ја објави првата фотографија од галеријата која е изградена на автопатот Охрид – Кичево. Станува збор за решение со кое треба да се санираат проблематичните косини на оваа делница. Во изминатиот период на овој патен правец беа извршени дополнителни геоистражни работи на новите свлечишта. Врз основа на тие податоци беа изработени основни проекти за стабилизација на вкупно 14 точки. Стабилизацијата се изведува во вид на т.н. галерии, кои според министерот се сериозен градежен предизвик. „Галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот со свлечиштата на автопатот Охрид – Кичево“, истакна…
