Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски за „Безбеден град“: Бројот на жртви во сообраќајот e намален за околу 30 отсто

    Тошковски за „Безбеден град“: Бројот на жртви во сообраќајот e намален за околу 30 отсто

    01.10.2026 во 13:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во денешното (01.10.2026) гостување министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Радио Лидер искажа благодарност до македонските граѓани заради покажаното европско однесување, па дури и поевропски и од самите европјани во одредени делови, заради постигнатите резултати во делот на воспоставениот систем Безбеден град. 

    „Ако лани сме имале 110 жртви за првите 10 месеци, оваа година за истиот период имаме 33 помалку. Тоа е фрапантен резултат, фрапантна бројка. Околу 30% имаме зачувано човечки животи и навистина, повторно им се благодарам на сите учесници во сообраќајот, а тоа во најголем дел се сите македонски граѓани, затоа што, нели, низ Македонија транзитираат и добар дел странците, но во најголем дел се македонските граѓани. И не е само бројката на човечки животи којашто е спасена. Имаме отприлика негде околу 18,5–19% намален број на повредени лица во споредба со претходната година за истиот временски период. Намалена е материјална штета исто така и негде околу над 30% исто така намален број на сообраќајни незгоди со настрадани лица, со повредени лица. Тоа се фрапантни бројки, неспоредливи“, дециден беше министерот Тошковски.

    Министерот за внатрешни работи посочи пример, имајќи ги предвид анализите кои се направени од независноста на Македонија па до денес, дека најмал број на загинати лица во сообраќајни незгоди имаме во 2001 година за време на конфликтот, кога не се возело.

    „Втора најмала бројка е 2021 година, короната, повторно кога не се возило. Тогаш вкупната бројка на загинати е 116 луѓе. Инаку, имаме во овие 35 години бројка од 198 лица коишто годишно загинале низ патиштата во Македонија. Страшно полоши сме од европските бројки. Ако кај нас просек би било негде околу 80-тина жртви по милион жители, во Европа тој број е негде околу 40. Но ако вака продолжиме и со имплементирање на проектот Безбеден град и со имплементирање на сите оние паметни технологии коишто планираме да ги имплементираме во иднина над целата територија на државата, убеден сум дека за многу кратко време можеме да бидеме пример во Европа како сите заедно сме успеале да спасиме еден човечки живот плус, во многу подобри размери него било која друга држава во Европа за толку краток временски период“, посочи министерот Тошковски, искажувајќи уште еднаш благодарност на сите македонски граѓани коишто учествуваат во сообраќајот, заради тоа што тие се тие коишто ја менуваат сообраќајната култура и тие се тие коишто спасуваат човечки животи.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.