Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини Иран дека се обидува да ја зголеми цената на нафтата на светските берзи пред средорочните избори во САД.
– Иран прави сè што може за да ја зголеми цената на нафтата пред изборите за Конгресот на САД. Тие дури измислуваат лажни напади, мини и сè друго, иако сега низ Ормуска Теснина поминува повеќе нафта отколку што поминуваше дури и пред почетокот на конфликтот, објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).
Тој исто така ги обвини иранските власти дека продолжуваат да убиваат демонстранти и други противници на режимот. Според него, 75.000 демонстранти се убиени за помалку од седум месеци.
Трамп го повтори својот став дека Иран не смее да се здобие со нуклеарно оружје.
– Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје и никогаш нема да го има, наведе Трамп.

