- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците на меѓународната заедница, академската сфера и македонската дијаспора, со цел да се поттикнат конкретни разговори и партнерства за идниот развој на Македонија и регионот. Самитот беше отворен со обраќања на претседавачот на Одборот на директори на Македонија 2025, Виктор Мизо, ко-основачот на организацијата, Мајк Зафировски…
Полициски службеници од полициската станица Источна Илиџа идентификуваа пет лица кои, за време на свадбена прослава, пукале од огнено оружје во црковниот двор во оваа општина. Преку оперативна работа на терен, полицијата дојде до сознанија за сторителите, а станува збор за лица со иницијали В.Ј., Д.Г., Н.Б., Н.Т. (сите од Источно Ново Сараево) и Ј.П. од Источна Илиџа. Претреси на неколку локации Врз основа на наредба на Основниот суд во Соколац, а со согласност на обвинителот на Окружното јавно обвинителство на Источно Сараево, извршени се претреси на куќи, помошни објекти и автомобили што ги користеле гореспоменатите лица. Во таа прилика,…
Вчера во 01:30 часот во СВР Скопје, Н.И.(41) од Скопје пријави дека околу 00:10 часот, додека бил во неговото возило, едно лице од совозачката страна ја отворило вратата и му одзело чанта со пари, банкарски картички, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје, 71-годишен маж од Скопје пријави дека бил измамен од две лица за сума од 22.500 евра. Според пријавеното, тој преку телефон, стапил во контакт со А.„Н“, со кој се договорил дека заедно со неговиот познаник В.„Н“, ќе му завршат работа да откупи државно земјиште и во неколку наврати им ги давал парите. Откако сфатил дека е измамен, настанот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на главниот влез на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Х.(41), Ф.Х.(18), Џ.Х.(37), С.К.(26), С.С.(32) и 16-годишник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На денешната јавна расправа за Предлог-законот за пробација, министерот за правда Игор Филков истакна дека новото законско решение претставува значаен чекор кон воспоставување современ, поефикасен и поправеден систем за извршување на санкциите и примена на пробациските мерки. Со законот се зајакнува улогата на пробациската служба и се унапредува организациската поставеност на системот за извршување на санкции. „Со ова законско решение воспоставуваме јасен и модерен пробациски систем кој носи три клучни резултати: поефикасно извршување на мерките во заедницата, посилна ресоцијализација на лицата опфатени со санкции и повисоко ниво на заштита на жртвите“, рече министерот Филков. Управата за извршување на санкциите добива проширена координациска и надзорна…
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Антонио Милошоски, денеска на прес-конференција обвини дека шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, донел контроверзна наредба за запирање на истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Според Милошоски, со оваа одлука се штити криминалот на претходната власт. Милошоски истакна дека со оваа одлука се запира постапката во која осомничени беа екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и Асмир Јахоски и Ратко Капушевски. „Ислам Абази, соседот на Али Ахмети од Зајас, си ја одработува добиената функција шеф на ОЈО ГОКК, и по насока на триото Филипче, Ахмети и Заев, донесе одлука да се…
Утрово во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско. Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато (кое било предвреме родено) и веднаш заминал на Детска клиника. Лекар констатирал смрт и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 11:06 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит. Во 16:13 часот во СВР Скопје, А.К.(47) од Скопје пријави дека во периодот од 11:00 до 12:00 часот во парк шума Гази Баба, неговиот 13-годишен син и двајца негови соученици, додека биле на еднодневна екскурзија преку училиштето во кое учеле, биле физички нападнати од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување…
Вчера во 21:28 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат во с.Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип, каде им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт. Кај неговиот сопатник С.С. и возачот на патничкото возило „пежо“ се констатирани телесни повреди. Извршен е увид…
