Author: Author 04

ВЛЕН остро ја осудува скандалозната изјава на пратеникот од ДУИ, кој во интервју за национален медиум изјави дека „тоа што им се нуди на меѓународните, тие го голтаат“. Ваквиот речник не е само политички неодговорен, туку претставува и тешка навреда кон нашите стратешки сојузници: Соединетите Американски Држави и Европската Унија, велат од ВЛЕН. „Изразуваме сериозна загриженост за оваа арогантна позиција на ДУИ кон меѓународните партнери, кои со децении се најголеми поддржувачи на мирот, стабилноста и унапредувањето на правата на Албанците во регионот. ВЛЕН не размислува како ДУИ. За нас, САД, ЕУ и дипломатските претставништва на западните земји се незаменливи партнери…

Повеќе

Општина Крива Паланка и оваа година обезбеди финансиска поддршка за сите матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“, при што денес на сметките на учениците беа исплатени по 3.000 денари како симболичен придонес во пресрет на матурските прослави и одбележувањето на еден од најзначајните моменти во нивниот живот, завршувањето на средното образование. Оваа мерка се реализира четврта година по ред и претставува дел од континуираните политики на локалната самоуправа насочени кон поддршка на младите, нивно охрабрување, мотивирање и создавање подобри услови за нивен развој, напредок и активно учество во заедницата. Со оваа симболична, но значајна поддршка, Општина Крива Паланка уште еднаш ја…

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „24 Анализа“ обвини дека економските политики на Владата не даваат резултати, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми ценовни шокови, раст на сиромаштијата и отсуство на конкретни мерки за заштита на животниот стандард. „Постојано цените растат и пред да биде криза и сега кога сме во криза некои производи двократно, трократно, десеткратно се поскапени. Денес да направите една шопска салата, што некогаш било евтина опција, сега чини како порано што чинеше кило месо“, појасни Лукаревска. Таа потенцираше дека Владата нема таргетирани мерки за заштита на стандардот на граѓаните, а четирите мерки кои ги…

Повеќе

Времето утре променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северозападен ветер, кој наместа повремено ќе засилува, соопшти УХМР. Според официјалните податоци, најниската температура во земјава ќе се спушти до 5 степени во Берово, додека максималната ќе достигне до 24 степени во Гевгелија. Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје утре температурата ќе се движи…

Повеќе

Владата најавува големо шоу на 8ми септември на градскиот стадион во Скопје за прославата на 35 годишнината од независноста. Се најавува спектакуларен концерт на мега популарниот артист Дејвид Гета. Влезот на градскиот стадион Тоше Проески во Скопје ќе биде бесплатен а ќе постои систем за регистрација за влезници.

Повеќе

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според Манасиевски, опозицискиот лидер дејствува под уцена на бугарски политички кругови, ставајќи ги туѓите интереси пред македонските. „На сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали, но Филипче мора директно да одговори, со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?“, запраша Манасиевски. Тој посочи дека Филипче е единствениот во државата кој гласно бара исполнување на бугарските барања, наследувајќи ја, како што рече, матрицата на Зоран Заев. Манасиевски го…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите центарци да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не се само олеснување за семејниот буџет, туку и вистински чекор кон поголема безбедност во сообраќајот. Со соодветна обука, младите одговорно и совесно ќе седнат зад воланот“, порача Герасимовски. Субвенцијата изнесува 10.000 денари, а право на аплицирање имаат лица родени во 2006, 2007 и 2008 година.…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Самитот „Македонија 2025“ порача дека Владата избира потежок пат кон Европската Унија, кој ќе се темели на квалитет и реални резултати, наместо на прифаќање понижувачки услови. Според него, стратешката цел останува иста, но пристапот на оваа Влада е различен од претходната. Мицкоски потенцираше дека пократките патишта често со себе носат предизвици кои го загрозуваат достоинството на државата и граѓаните. „Владата што јас ја предводам има различен пристап споредено со претходната влада. Ние цениме дека пократок пат нема. Односно, има, но тој пократок пат има свои предизвици. Најчесто тие предизвици се понижувачки. И затоа велиме: ако…

Повеќе

Претседателот на општинската организација на СДСМ Карпош, Панче Милевски – Панта, денеска упати јавно барање за свикување вонредна седница на Советот на општината. Причина за ова, според СДСМ, е актуелната состојба во локалната самоуправа по наводното повлекување на градоначалникот Сотир Лукровски. Од опозициската партија тврдат дека градоначалникот избегнува потпишување документи кои би можеле да доведат до кривична одговорност, а се поврзани со градежниот сектор и бизнис интереси. „Градоначалникот Сотир Лукровски се повлекува, затоа не сака да потпишува документи поврзани со бизнис интересите на Мицкоски и неговата група. Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со сомнителни новоградби, легализација…

Повеќе

Вчера во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе