Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

    Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

    24.09.2026 во 22:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, со седиште во Рим, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси.

    Заблагодарувајќи се за лично доставената покана за учество на Конференцијата на Обединетите нации за водите, којашто од 8 до 10 декември ќе се одржи во Абу Даби, претседателката ја истакна важноста на одржливото управување со водните ресурси и обезбедувањето пристап до чиста и безбедна вода.

    Амбасадорот ја запозна со актуелната состојба во ОАЕ, напорите за мир и стабилизација во регионот, превземените иницијативи и активности, планови и очекувања.  

    Претседателката, најпрво изрази длабоко сочувство по повод смртта на шеик Ахмед бин Рашид Ал Мактум, истакнат член на владејачкото семејство на Дубаи.

    Во контекст на настаните на Средниот Исток, таа ја поздрави конструктивната и одговорна улога на ОАЕ во обезбедувањето одржлив мир и стабилност.

    Соговорниците ги оценија билатералните односи како одлични и засновани врз взаемно почитување и разбирање. 

    Сепак, обајцата препознаваат потенцијал за нови активности во туризмот, енергетиката, образованието, културата, земјоделството и инфраструктурата.

    Во оваа смисла, претседателката укажа на можностите за инвестирање во коридорите 8 и 10, како и во слободните економски зони.

    Таа го поздрави воспоставувањето на безвизниот режим и изрази желба за повторно воспоставување на директната авиолинија Скопје–Дубаи. Исто така, во можното отворање резидентна амбасада на ОАЕ во Скопје гледа институционален чекор што води кон поблиски односи, зголемени бизниси и поблиски граѓани.    

    Сиљановска-Давкова ја поздрави и оцени како успешна меѓусебната поддршка во меѓународните организации, во духот на мултилатерализмот. 

    Таа го покани претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан да ја посети земјава.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.