Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Акција во Гази Баба: Започна обележувањето и освежувањето на пешачките премини за поголема безбедност во сообраќајот
    • Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери
    • Обвинителството со детали: Обезбедени наредби за претрес кај виш јавен обвинител од Битола поради сомневања за корупција
    • МВР се огласи: Се врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола
    • Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
    • Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
    • Меси добива титула „Почесен доктор“ од Универзитетот во Буенос Аирес
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче пред посетата на Фон дер Лајен: Мицкоски да не се игра со иднината на земјата и патот кон ЕУ

    Филипче пред посетата на Фон дер Лајен: Мицкоски да не се игра со иднината на земјата и патот кон ЕУ

    01.10.2026 во 11:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, заедно со пратеничката група на СДСМ и коалицијата, упати остра порака до Христијан Мицкоски да не си игра со иднината на земјата. Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, Филипче предупреди на последиците од продолжувањето на патот на изолација.

    „На Христијан сакам да му порачам, нека размисли добро. Ако треба вечер, нека не спие. Што ќе ѝ каже утре на Фон дер Лајен? Да не се игра со иднината на земјата, затоа што може да му судат следните генерации“, порача Филипче.
    Филипче посочи дека земјата се наоѓа во ќор-сокак на патот кон Европа, додека други земји имаат јасна перспектива за членство.

    „До 2030 година, отворена е вратата во Европа, земји членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас нè нема. Притоа, Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот, ќе го бранел името, јазикот, културата, идентитетот, па сè е зачувано во меѓународниот договор. Они тоа го признаваат“, истакна Филипче.

    Во пораката до граѓаните, тој предупреди дека продолжувањето на изолацијата ќе има долгорочни последици врз животниот стандард, иселувањето и иднината на државата.

    „Сакам граѓаните да знаат дека ако продолжи овој пат на изолација, пред нас се децении на сиромаштија, на изолација, на сиромаштија на духот, на иселување на децата, на нечистотија по улиците и нечист воздух насекаде, на распродадена земја за туѓи интереси и туѓи рудници, на распродадена вода за туѓи дата-центри и на партиски тендери за оваа банда што е на власт“, предупреди Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери

    06.10.2026 во 21:06

    Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ

    06.10.2026 во 20:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.