Вчера во 18:30 часот на ул.„Орце Николов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода М.Ј.(61) од Свети Николе.
Претходно, тој со патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во велосипед управуван од петгодишно дете од Свети Николе.
Во незгодата, детето се здобило со телесни повреди , констатирани во здравствена установа, а при преземање мерки било констатирано дека М.Ј. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во организмот, информираа од МВР.
Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, стои во дневниот билтен на СВР Штип.

