Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Петров: Платформата 12:05 има вербална поддршка од 90% од пратениците на СДСМ

    29.09.2026 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски на Факултетот за безбедност: Најдобрите студенти без јавен оглас ќе добијат работно место во МВР
    • Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
    • Ловочувари од Велес слушнале истреле – излегле на терен и затекнале 29-годишник со две пушки
    • Тешко повреден малолетник – со мотоцикл се забил во паркиран автомобил
    • Од сеф во ЈП „Паркови и зеленило“ украдени девет пиштоли, 25-годишник кривично ќе одговара
    • Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за ново предавство на Македонија кон Бугарите?
    • Тошковски за акцијата во Прилеп: Разбиена е сериозна криминална група која 15 години била недопирлива, осомничени се 21 лице
    • Акција кај „Бунец“: Запленета марихуана кај патник во такси, изречена и забрана за влез во земјава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски на Факултетот за безбедност: Најдобрите студенти без јавен оглас ќе добијат работно место во МВР

    Тошковски на Факултетот за безбедност: Најдобрите студенти без јавен оглас ќе добијат работно место во МВР

    01.10.2026 во 13:363 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска традиционално присуствуваше на почетокот на новата академска година на Факултетот за безбедност – Скопје, каде им се обрати на студентите и им го честиташе првиот студентски ден.

    Тошковски порача дека знаењето што студентите ќе го стекнат во текот на студирањето треба да им овозможи во иднина успешно да одговорат на безбедносните предизвици и да бидат додадена вредност за безбедносните институции и за државата.

    „Сигурен сум дека со она знаење коешто ќе го стекнете во рамки на Факултетот за безбедност Скопје ќе може да одговорите соодветно на сите предизвици и дека ќе може да бидете додадена вредност во Македонија во иднина и се надевам дека таквото знаење ќе ве задржи во Македонија“, истакна Тошковски.

    Пред студентите министерот соопшти и конкретна новина во однос на нивните идни можности за професионален ангажман. Тој најави дека во текот на следната недела Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност ќе го потпишат првиот договор со кој ќе се овозможи најдобриот студент да стане дел од МВР.

    „Конечно можам да кажам дека законските услови за да го имплементираме се овозможени од оваа година, односно за неколку дена, во текот на наредната недела, со Факултетот за безбедност ќе го потпишеме првиот договор со којшто Министерството за внатрешни работи ќе се обврзе најдобриот студент да биде дел од Министерството за внатрешни работи. Тоа значи дека имате дополнителна мотивација да бидете најдобри во рамки на својата класа, најдобри во рамки на својата генерација“, порача Тошковски.

    Министерот нагласи дека ова нема да се однесува само на еден студент, туку дека намерата е во иднина, согласно потребите на Министерството, да им се даде можност на најквалитетните студенти да станат дел од институцијата. Притоа посочи дека пристапот нема да биде ограничен само на Факултетот за безбедност, туку ќе ги опфати и најдобрите студенти од останатите државни факултети во Македонија.

    „Во иднина Министерството за внатрешни работи се обврзува да, согласно потребите коишто ќе ги има во Министерството за внатрешни работи, се обиде да во себе ги гушне, ги вдоми, им даде шанса на најдобрите, не само од Факултетот за безбедност, и тоа сакам да го потенцирам, туку и од останатите факултети државни во Македонија, најквалитетните студенти да им дадеме шанса без јавен оглас да бидат дел од оваа круцијална безбедносна институција во Македонија“, рече Тошковски.

    На крајот, министерот ги повика студентите максимално да се вложат во сопственото образование и надградбата на знаењето, нагласувајќи дека можноста за професионален ангажман треба да биде дополнителен мотив за нивниот развој.

    „Ве замолувам максимално да се вложите во лична надградба на вашето знаење. Ова кое што го напоменав претходно е само еден дополнителен мотивационен фактор за вас, но сепак вие сте суштината којашто би требало, пак ќе повторам, да е додадена вредност за нашава убава Македонија“, им порача Тошковски, додавајќи дека од оваа година па натаму очекува „не само најдобриот, туку и најдобрите“ да станат дел од безбедносните институции во Македонија.

    Прочитај повеќе

    Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

    01.10.2026 во 13:30

    Ловочувари од Велес слушнале истреле – излегле на терен и затекнале 29-годишник со две пушки

    01.10.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.