Author: Author 04

Животното кое синоќа беше пронајдено во скопската населба Козле не е волк, туку куче кое веќе си го бара сопственикот, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Иако во јавноста се проширија информации дека станува збор за диво животно, првичните проверки покажуваат поинаква состојба. Од АХВ нагласуваат дека тие воопшто не биле официјално известени за случајот кога тој се случил. Според нивните информации, станува збор за куче кое е чипирано. „Животното што синоќа беше пронајдено во скопско Козле и пренесено во карантин во Скопје ЗОО допрва ќе биде предмет на испитувања од страна на АХВ“, велат од институцијата. Случајот…

Повеќе

Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје го повикала на разговор екс-министерот Љупчо Николовски пред неколку дена, информираат од полицијата. Според официјалната потврда од МВР, Николовски се појавил во полициската станица на 7 мај по наредба на ОЈО. „Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста“, додаваат од МВР во куткиот одговор за случајот. Љупчо Николовски преку својот профил на „Фејсбук“ демантираше каква било вмешаност во незаконски дејствија при јавните набавки и обвини за политички притисок. „Станува збор за монтиран случај, кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања. Вие живеете од таа реформа“,…

Повеќе

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска упати остри критики до шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, поради одлуката за запирање на случајот „Мазут“, тежок 167 милиони евра. Според Милошоски, ова е доказ за влијанието на поранешни функционери врз правосудството. Милошоски го обвини Абази дека се поставил во улога на судија и го затворил предметот пред воопшто да започне судска процедура. „Ислам Абази како шеф на ОЈО ГОКК, одлучил да го запре овој случај и да не види ни еден доказ. Овој скандалозен случај е доказ за големото влијание кое што Венко Филипче, Али Ахмети и Зоран…

Повеќе

Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Н.(61) од Тетово. При претрес во неговиот дом во Тетово, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Учениците од основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Драчево денеска беа во посета на Град Скопје, каде што се сретнаа со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. На средбата се разговарало за секојдневните обврски на градоначалникот, за градот и за одговорноста кон заедницата. Ѓорѓиевски истакна дека е изненаден од размислувањата на младите ученици и нивниот интерес за Скопје.„Денот ми започна со насмевки, искрена детска радост и енергија која потсетува зошто вреди секој вложен напор. Утрово, во Град Скопје ги пречекавме учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево, Кисела Вода. Во топла и пријатна атмосфера се дружевме, разговаравме за работата на градоначалникот, за…

Повеќе

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен…

Повеќе

Патувањето со домашни миленици во земјите на Европската Унија од неодамна подлежи на нови, построги правила кои стапија на сила на 22 април 2026 година. Како што пренесува „Дона модерна“, целта на овие измени е зајакнување на здравствените контроли и спречување на ширење болести меѓу државите членки. Новите одредби се однесуваат на сопствениците на кучиња, мачки и творови, а во одредени случаи и на некои видови домашни птици. Задолжителни документи за преку граница се микрочип според европски стандарди, важечка вакцинација против беснило и европски пасош издаден од овластен ветеринар. „Контролите сега се подетални и покоординирани, особено кога станува збор за…

Повеќе

Германскиот автомобилски сектор се соочува со многу подлабока криза од очекуваното, а новите прогнози на Германското здружение на автомобилска индустрија (VDA) покажуваат дека до 2035 година ќе бидат изгубени 225.000 работни места. Оваа бројка е за 35.000 повисока од претходните пресметки. Претседателката на VDA, Хилдегард Милер, предупредува дека ситуацијата е сериозна, посочувајќи дека само во периодот од 2019 до 2025 година веќе исчезнале околу 100.000 работни позиции. „Врз основа на сегашните пресметки, за жал сега мора да претпоставиме дека до 2035 година ќе бидат изгубени 225.000 работни места“, изјави Милер во интервју за медиумската група RND. Според неа, најголем удар…

Повеќе

Србија треба да остане посветена на преговорите за членство во Европската Унија, без оглед на предизвиците со Косово и притисоците за санкции против Русија, порача денеска потпретседателката на српското Собрание, Елвира Ковач. Таа нагласи дека актуелната геополитичка ситуација треба да послужи како мотив за побрзо спроведување на реформите. Во изјава за РТС, Ковач посочи дека во моментов Црна Гора има најреални шанси за брзо зачленување во Унијата. „Факт е дека проширувањето е меѓу приоритетите и сите знаеме дека тоа се должи на геополитиката и несреќната војна во Украина, но мора да бидеме искрени и дека Црна Гора има најголема шанса…

Повеќе

Европските берзански индекси денеска бележат претежен пораст, додека суровата нафта од типот „Брент“ се тргува над 106 долари за барел. Пазарите во Велика Британија реагираа со пад на приносите од државните обврзници, откако премиерот Кир Стармер децидно ги отфрли повиците за оставка по слабите резултати на Лабуристите на локалните избори. Според податоците од 09:30 часот, цената на суровата нафта падна за 1,36 проценти на 100.810 долари, додека типот „Брент“ бележи пад од 1,31 процент на 106.358 долари. Инвеститорите во овој период се фокусирани на деловните извештаи на големите германски корпорации како „Алијанц“, „Дојче Телеком“, „РВЕ“ и „Порше“. Германскиот гигант „Сименс“…

Повеќе