Неодговорноста на поединци го загадува Скопје. Ова вчера на Фејсбук го напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
-„Од утрово, екипите на Град Скопје ја расчистуваат дивата депонија на излезот од градот. Ова е штета што ја плаќаме сите! Апелирам до сите граѓани: однесувајте се одговорно и чувајте ги јавните површини. За оние што продолжуваат да создаваат депонии, нема да има толеранција”, напиша Ѓорѓиевски.
Градоначалникот порача – „Да го чуваме Скопје”.

