Полициска акција во Гостивар заврши со приведување на 48-годишен маж, откако при полициски преглед кај него биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана.
Случајот се случил на 1 ноември, околу 00:40 часот, кога полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ј. од Гостивар.
По приведувањето, со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и помошните простории. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

