Под влијание на циклонска активност до вторник (03.11.) времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Од УХМР информираат дека пообилни врнежи ќе има во денес, утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.
На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m².
Во Скопје, до вторник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Денес, утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе бидат пообилни. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврне над 40 l/m² дожд.

