Close Menu
Press24
    Најново

    Се менува законот: Нова можност за откуп на државно земјиште под зградите

    02.11.2026 во 10:59

    Кој ќе биде новиот премиер на Србија – Срдановиќ проговори за составот на новата влада

    02.11.2026 во 10:59

    СДСМ: Мицкоски сака да ни намести предвремени избори

    02.11.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се менува законот: Нова можност за откуп на државно земјиште под зградите
    • Кој ќе биде новиот премиер на Србија – Срдановиќ проговори за составот на новата влада
    • СДСМ: Мицкоски сака да ни намести предвремени избори
    • Поскапуваат нарачките од Тему, ЕУ воведе нова такса од 2 евра – еве дали важи и за Македонија
    • Нафтата значително поевтини – но дизелот веројатно ќе биде поскап од утре
    • Остана уште еден неработен ден годинава – Во 2027 многу споени викенди
    • Коњановски со отчет за првата година од мандатот: Вложени 164,5 милиони денари во битолската инфраструктура
    • „Брвеница не е покритие за Алта банка“ – СДСМ со нови обвинувања до Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се менува законот: Нова можност за откуп на државно земјиште под зградите

    Се менува законот: Нова можност за откуп на државно земјиште под зградите

    02.11.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нова можност за приватизација на државното градежно земјиште и поедноставени процедури за сопствениците на станови и деловни простории. Ова го предвидуваат измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, кои денеска се на второ читање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.

    Една од најважните измени е отворањето нов рок од една година во кој одредени категории поранешни сопственици ќе можат да поднесат пријави до Катастарот за претворање на правото на користење на неизградено градежно земјиште во право на сопственост. Рокот ќе почне да тече по стапувањето во сила на законот.

    Со предложените измени се олеснува и приватизацијата на земјиштето под станбените згради. Сопствениците на станови и деловни простории ќе можат да го приватизираат земјиштето под објектот врз основа на катастарските податоци, без дополнителен геодетски елаборат за тој дел од земјиштето.

    Се уредуваат и случаите кога на иста градежна парцела има повеќе објекти со различни сопственици, како и можноста во веќе започната постапка за приватизација да се вклучат дополнителни парцели или лица со право на сопственост.

    Истовремено, се предвидува Катастарот во рок од две години по стапувањето во сила на законот да ги избрише преостанатите запишани права на користење на градежно земјиште, со исклучок на правата што се заштитени со закон.

    Од Управата за имотноправни работи објаснуваат дека целта е да се надминат долгогодишните проблеми со нерешените имотноправни односи и да се обезбеди поголема правна сигурност за граѓаните и компаниите.

    Предлог-законот веќе го помина првото читање во Собранието, а за да почнат да се применуваат новите правила, потребно е негово конечно усвојување.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски сака да ни намести предвремени избори

    02.11.2026 во 10:46

    Нафтата значително поевтини – но дизелот веројатно ќе биде поскап од утре

    02.11.2026 во 10:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.