Author: Author 04

Со читање на сведоштвата на две девојки денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Една од преживеаните во својот исказ посочи дека објектот редовно работел без контрола на документи и без обележани противпожарни излези. Таа наведе дека критичната вечер во дискотеката биле користени пиротехнички средства за време на настапот на групата ДНК. „Пожарот го забележав откога друг присутен викна дека ‘се запалило’, по што настана паника и турканица кон единствениот излез што го знаев“, се вели во нејзиниот исказ. Девојката опиша дека на скалите и кај главната врата се создал огромен метеж, по што била извлечена…

Повеќе

Општо е познато дека коцкањето и индустријата на игри на среќа со години беа оставени да ги окупираат населбите и секојдневниот живот на граѓаните. Оние што денес се обидуваат да ни продаваат патриотизам, се истите што вчера им ги отворија вратите на коцкарниците, го претворија коцкањето во нормален бизнис, па дури дозволија да стигне до вратите на училиштата, велат од ВЛЕН. „Последиците не ги плаќаат тие, туку семејствата албански, македонски, турски, ромски и секој граѓанин што одблиску го виде уништувањето што го носи зависноста од коцкање. Ова се менува со владеењето на ВЛЕН. Предлог-законот усвоен за игрите на среќа ги…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази сериозно незадоволство од одлуката за стопирање на истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ „Неготино“. По увидот во реновираните делови на ГОБ „8-ми Септември“, тој најави дека АД ЕСМ ќе ги искористи сите правни лекови за случајот да биде вратен во процедура. Мицкоски не го криеше изненадувањето од ваквиот потег на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. „Јас со неверување ја примив таа вест и искрено да кажам бев бев шокиран од тоа што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ најави дека штом ќе ја добие одлуката ќе вложи жалба.…

Повеќе

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, денеска од пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ упати остри критики до власта, обвинувајќи за негрижа и распад на студентскиот стандард. Според него, студентите се соочуваат со понижувачки услови додека парите се трошат на други намени. Огњеновиќ истакна дека симболот на студентскиот живот е претворен во симбол на распад на системот. „Додека криминалците на власт лапаат пари од криминални тендери, за младите студенти се оставени без основни услови, немаат топла вода, немаат соодветна храна, глувци им се шетаат по собите. Ова е понижување а не достоинствен живот“, изјави Огњеновиќ. Тој ја обвини владата…

Повеќе

Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата “8-ми Септември”. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на кровот. Исто така поставени се и фотоволтаични панели со што се подобрува енергетската ефикасност. На увид во реконстурираната болница, присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот Александар Николоски, министерот за здравство и други претставници на Владата како и директорот на ТАВ. …

Повеќе

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку пишано соопштение ги демантираше информациите кои се појавија во дел од медиумите, а во кои се тврдеше дека институцијата веќе го потврдила идентитетот на животното заловено во населбата Козле. Од АХВ велат дека не е вистина оти изјавиле дека станува збор за чипиран миленик кој си го бара сопственикот. „Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче,…

Повеќе

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави измени во Законот за основно образование со кои ќе се предвидат казни за родителите чии деца покажуваат насилно однесување во училиштата. Оваа реакција доаѓа по последниот инцидент во основното училиште „25 Мај“ во Ченто, каде 15-годишен ученик беше прободен со остар предмет. Јаневска упати апел до родителите да посветат повеќе внимание на своите деца, нагласувајќи дека државните институции не можат сами да го решат проблемот. „Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, ладното оружје го наоѓаат надвор. Оттука, неопходна е соработка со сите сектори кои се засегнати, но ги повикувам и…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остри критики кон раководството на СДСМ, оценувајќи дека партијата го изгубила својот идентитет и начин на делување. Прашан за коментар на изјавата на лидерот на СДСМ, кој ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „бугарофилска партија“, Мицкоски истакна дека таквите тврдења не заслужуваат сериозен коментар. Тој нагласи дека приоритет на неговата партија остануваат националните интереси. „Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам дека со тој проблем многу скоро ќе се соочат на…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на увидот во целосно реконструираните капацитети на ГОБ „8-ми Септември“, каде се обновени оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, лабораторијата и кровната конструкција. Мицкоски истакна дека по формалните процедури и дезинфекција, објектот ќе биде подготвен за прием на пациенти за околу два месеци. Тој направи споредба со претходната состојба, нагласувајќи дека реконструкцијата на кровот била клучна за нормално функционирање на болницата. „Она кое што сакам исто така да го кажам, а коешто можеби е значајно да се каже, е дека пред да се случи оваа реконструкција на овој објект, во овие операциони сали се влегуваше со…

Повеќе

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за водење антидржавна политика во интерес на Бугарија. Според Манасиевски, Филипче со своите ставови покажува дека нема проблем со идентитетските прашања и прифаќањето на бугарските барања. „Пиунот на Радев, Венко Филипче призна дека СДС има исти позиции со Бугарија. Пиунот на Радев, Венко Филипче, нема ништо против да бидеме нарекувани северномакедонци. Филипче е поголем негатор на Македонија и македонскиот народ, дури и поголем од Заев и од Бугарија“, изјави Манасиевски. Тој посочи дека Филипче е главниот поборник за…

Повеќе