Author: Author 04

Православните верници денеска го слават Свети Јеремија, еден од поголемите пролетни празници во народниот календар. Обичаите и верувањата поврзани со овој ден традиционално се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други влекачи. Во народните песни што се исполнуваат за време на овие обичаи, Јеремија е претставен како митски јунак. Ова покажува дека, иако во основата на празникот е споменот на старозаветниот пророк, обичаите и верувањата водат потекло од најдалечното минато на човештвото. Светиот пророк Јеремија живеел шест века пред Исус Христос, а роден е во малото село Анатот во близината на Ерусалим. Уште како дете го слушнал…

Повеќе

Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 25 мај – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела).Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед

Повеќе

Денеска нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди, додека во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурите ќе се движат во интервал од 3 до 10 степени наутро, додека максималната дневна ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до…

Повеќе

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk . Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата…

Повеќе

Министерот за правда, Игор Филков, упати остра критика по одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазут. Според него, ваквиот потег негативно влијае врз перцепцијата на граѓаните за правниот систем во земјава. Филков смета дека затворањето на предмети со висок јавен интерес без целосна разрешница испраќа погрешна порака до јавноста. „Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница“, изјави Филков. Министерот…

Повеќе

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави почеток на хуманитарна акција за помош на Катерина, самохрана мајка на три деца и жртва на семејно насилство. Семејството живее во крајно тешки услови, без основни претпоставки за нормална егзистенција. Стефковски, заедно со Жаклина Пешевска и Дијана Илиевска, го посетија семејството и доставија првична помош во храна. „ХУМАНОСТА НЕ ПОВИКУВА! ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА! За жал повторно мораме да се потсетиме дека животот знае да биде суров… но и дека човечката добрина може да биде посилна од секоја болка. Катерина е самохрана мајка на три мали деца, жена која преживеала семејно насилство…

Повеќе

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања до власта, нарекувајќи ја коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ „најголем бугарофилски колектив“. Според неа, функционери од власта поседуваат бугарски пасоши додека истовремено ја блокираат европската иднина на државата. Кузеска истакна дека лажниот патриотизам се користи како параван за лични интереси и криминал. „Министри, пратеници, директори, функционери – сите со црвени пасоши на ЕУ, а глумат лажни патриоти пред народот. Дури и семејството на Мицкоски има бугарски пасоши. Семејството на нивниот главен медиумски пропагандист и главен ПР советник на Мицкоски – Драган Павловиќ Латас исто така има бугарски пасоши“, изјави Кузеска.…

Повеќе

Обидот на полицијата да влезе во филипинскиот Сенат за да го уапси сенаторот Роналд дела Роса ескалираше со пукање и општ метеж. Сенаторот, познат под прекарот „Бато“, се крие во својата канцеларија од понеделникот, откако МКС потврди дека бара негово апсење. Од Сенатот информираат дека ситуацијата е напната, но дека за среќа нема повредени од истрелите. „Ситуацијата сè уште се проценува откако непознат број полицајци се обидоа да влезат во зградата“, рече секретарот Марк Ландро Мендоза. Групите за човекови права ја обвинуваат полицијата за систематски убиства за време на мандатот на дела Роса, додека полицијата тврди дека убиените биле вооружени…

Повеќе

Серија напади врз полициски службеници во главниот град резултираа со приведување на пет лица во текот на изминатото деноноќие. Инцидентите се случиле на Бит Пазар и во Кисела Вода додека полицијата ги извршувала своите редовни обврски.На 12.05.2026 во 16:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Љ.(43), Х.Л.(39) и малолетник, сите од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија на подрачјето на Бит Пазар.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 13.05.2026 во 01:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ј.(44) и…

Повеќе

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитриевиќ, денеска упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за директно мешање во работата на Обвинителството. Според Димитриевиќ, признанието на премиерот дека разговарал со јавниот обвинител Ненад Савески е скандалозно. Од СДСМ тврдат дека премиерот врши притисок и му наредува на обвинителот како да постапува, со што се урива независноста на правосудниот систем. „Мицкоски вели, цитирам: ‘ако тоа не се случи, тогаш обвинителството дефинитивно го губи својот кредибилитет’. Што е ова? Чиста наредба. Како што правеше од собраниска говорница, како што прави од телевизија, сега повторно, нова наредба на Мицкоски за јавниот…

Повеќе