Author: Author 04

Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола, соопшти МВР. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Здравствената состојба на деветтоодделенецот кој завчера беше прободен со нож во основното училиште „22 Ноември“ во скопската населба Ченто е стабилизирана, но тој сѐ уште се наоѓа во критична состојба. Од Ургентниот центар информираат дека момчето е под постојан лекарски надзор и во неговото лекување се вклучени хирурзи од повеќе оддели кои ги преземаат сите мерки за подобрување на состојбата. Во меѓувреме, надлежните институции веќе постапуваат по случајот со малолетникот кој го извршил нападот со остар предмет. Од Обвинителството соопштија дека со случајот се занимава јавен обвинител од Одделението за малолетници во Скопје, согласно Законот за правда за децата. Поради…

Повеќе

Убиство се случило утрово околу 07:30 часот во битолската населба Баир, на улицата „5-та“, при што животот го загубила 31-годишна жена, објави порталот Скопје1.мк. Според првичните и неофицијални информации, станува збор за тежок случај на семејно насилство. Трагедијата се случила по претходна расправија меѓу сопружниците, во која мажот со смртни последици ја нападнал својата сопруга. Осомничениот за убиството е веднаш лишен од слобода од страна на полицијата и спроведен во станица. На местото на настанот увид вршат надлежните јавни обвинители и полициски екипи за да ги приберат сите траги. Повеќе детали за мотивите и точните околности под кои се случило…

Повеќе

Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово со помош на механизација се обидуваат да го локализираат и изгаснат пожарот кој вчера избувна на депонијата „Краста“, информираат денеска надлежните од јавното претпријатие. Пожарот се појавил во доцните попладневни часови, по што службите веднаш излегле на терен за да го спречат ширењето на огнот. „Пожарот избувна в доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери кои затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот“, изјави директорот на претпријатието, Сашо Томиќ. Локацијата на депонијата „Краста“ се наоѓа на локалниот пат Куманово-Пчиња и…

Повеќе

Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с.Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Повеќе

„Со гадење“ вака внукот на Гоце Делчев, Христо Христов, во интервју за бугарски медиуми дадено пред два дена, одговара на прашањето „Ако Гоце Делчев денес го видеше Балканот, како мислите дека би ја оценил ситуацијата меѓу народите за чие ослободување и обединување се бореше?“, стои во соопштението од СДСМ.  „Гоце Делчев би се гадел од ВМРО-ОКГ и Мицкоски. Тој се бореше за единство и слобода, а не за поделби и конфликти. Гоце Делчев се бореше за правда, а не за криминал и корупција. Се бореше за иднина, а не за изолација и блокада. Гоце Делчев денес би бил борец за…

Повеќе

Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ. Скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам Абази, да ја стопира постапката за предметот за сторен криминал тежок 167 милиони евра, при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, што постоеја…

Повеќе

Овен Гледате резултати од нешто во што сте вложиле време. Во љубовта, стабилноста носи сигурност. Работата бара да го задржите темпото без да форсирате. Успорете и ценете го напредокот. Бик Ова е ваш момент на јасност. Го гледате резултатот од вашите одлуки и труд. Во љубовта, сте посигурни во себе. Работата носи признание. Останете приземјени. Близнаци Работите се одвиваат повеќе во внатрешен план. Во љубовта, не брзајте со одлуки. Работата бара повлекување и анализа. Дајте си време да разберете што следи. Рак Резултатите доаѓаат преку луѓе и соработка. Во љубовта, се чувствувате поддржано. Работата носи стабилен напредок. Останете отворени. Лав…

Повеќе

ВЛЕН уште од првиот ден вети дека промените ќе се почувствуваат во секојдневниот живот, кај вработените, нивните семејства и во квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните, се вели во соопштението од ВРЕДИ. „Општина Тетово, во соработка со Синдикатот на вработените, потпиша договор за зголемување на платите во општинската администрација, со што основната плата ќе се зголеми за 7 проценти. Овој раст на платите ќе продолжи и во наредните три години. Оваа одлука претставува конкретна поддршка за општинската администрација, но и чекор кон поголема мотивација, поефикасна работа и поквалитетни услуги за граѓаните. За ВЛЕН, силни институции се градат преку почитување…

Повеќе

На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранешен директор на Македонската информативна агенција (МИА) и долгогодишен новинар и дописник од странство. Георгиевски ќе биде погребан утре на градските гробишта во Охрид. Тој ја предводеше агенцијата МИА во периодот од 1998 до 2002 година, од каде што подоцна и замина во пензија. Неговата богата професионална кариера бележи и директорско место во Радио Охрид во средината на седумдесеттите години од минатиот век. Новинарскиот пат Георгиевски го започнал уште како средношколец во весникот „Вечер“, по што продолжил во младинската редакција на Радио Охрид. По заминувањето на студии во Белград, тој соработува со повеќе тогашни…

Повеќе