- Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој
- ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања
- Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток
- Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
- ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило
- Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно
- МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“
- Жената што си го отру семејството со печурки осудена на доживотен затвор во Австралија
Author: Author 04
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ј.Л.(20) од с.Батинци, скопско, О.Ф.(22) од Скопје, В.Ќ.(34) од Гостивар, Л.Р.(38) од с.Ѓурѓевиште, Општина Врапчиште, П.А.(22) од Кочани, Ф.Ш.(24) од Штип, Л.Ј.(21) и 15-годишна малолетничка, двајцата од Прилеп. Две лица управувале патничко возило иако имале активна забрана за управување на моторно возило и тоа: В.А.(46) од Скопје и Н.С.(27) од Кратово, а Д.Н.(66) од Тетово управувал патничко возило под…
Четириесет и тригодишен жител на Битола е пронајден починат во автосервис во градот, соопшти полицијата. Според информациите од СВР Битола, на 28 септември во 9 часот полициски службеници извршиле увид во автосервис на улицата „Македонска Фаланга“, откако претходно било пријавено дека таму бил пронајден починат Ф.Е. (43) од Битола. Лекар од Итната медицинска помош во Битола констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да ги утврди точно утврдените причини за смртта.
Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош. Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37) од Бујановац, Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“ по член 243 од Кривичниот законик. Тој на 04.09.2026 пред угостителски објект во Струга, насилно го отворил резервоарот од патничко возило „порше“ со охридски регистарски ознаки, ставил непозната течност и предизвикал значително оштетување на возилото по што избегал. По преземени мерки, тој е лишен од слобода.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(62) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ по член 284-а од Кривичниот законик. При контрола извршена на 13.09.2026, тој е затекнат како пред деловен објект во Охрид, нуди и врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува соодветна лиценца, издадена од надлежен државен орган и во спротивност од одредбите на Законот за превоз во патниот сообраќај.
Вчера во 10:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, А.Ѓ.(71) од селото Другово, управувајќи мопед со кичевски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, претходно управувано од Ш.И.(57) од кичевското село Зајас. Притоа, возачот на мопедот, за кој е утврдено дека немал возачка дозвола, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото на незгодата изврши екипа од ОВР Кичево.
Вчера во 14:50 часот, во струшкото село Велешта лишен од слобода е А.Н.(55) од истото село. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга, сопреле патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа, констатирале дека против него има изречена активна забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија а по извршено алкотестирање, кај него утврдиле 1,71 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе се поднесат соодветни кривични пријави.
Жителите на мексиканската сојузна држава Долна Калифорнија Југ се подготвуваат за пристигнувањето на ураганот Поло на полуостровот, кој се заканува со силни ветрови, поплави и одрони, а и понатаму би можен на делови од Хаваи да им донесе обилни врнежи, пренесе денес АП. Поло во понеделник наутро беше бура од трета категорија со максимална брзина на ветерот од 185 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани со седиште во Мајами. Метеоролозите наведоа дека бурата ќе го погоди копнениот дел на Мексико откако ќе ја зафати Долна Калифорнија Југ со обилни врнежи, како и дека наскоро се очекуваат ветрови…
Поранешна студентка на американскиот универзитет Корнел поднесе граѓанска тужба против седуммина членови на студентското братство „Чи Фај“, тврдејќи дека во 2024 година била дрогирана, физички нападната и групно силувана. Случајот повторно се најде во фокусот на јавноста откако обвинителството во округот Томпкинс, во сојузната држава Њујорк, одлучи повторно да ги разгледа околностите и да го презентира предметот пред голема порота. Во 2024 година, ниту еден од студентите не се соочил со кривична постапка, а Универзитетот спровел само внатрешна дисциплинска постапка со суспензии и есеи за согласност како услов за враќање. Окружниот обвинител Метју Ван Хаутен изјавил дека тогашната одлука да…
Смртта на 32-годишната Марта Марија Охриско, која речиси една година се води како трагична несреќа по пад од карпа во Италија, доби целосно нов тек откако дополнителната истрага и обдукцијата доведоа до сериозно обвинение против нејзиниот партнер, 41-годишниот Илија Батраков. Телото на жената било пронајдено во провалија во јули 2024 година, во непосредна близина на камп-приколката во која живеела заедно со Батраков. Според досегашните сознанија од истрагата, при падот таа го скршила зглобот и успеала да испрати порака до партнерот бајќи му помош. Истражителите тврдат дека Батраков се појавил на местото дури неколку часа подоцна, но наместо да ѝ помогне,…
