Вчера во 14:50 часот, во струшкото село Велешта лишен од слобода е А.Н.(55) од истото село. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга, сопреле патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа, констатирале дека против него има изречена активна забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија а по извршено алкотестирање, кај него утврдиле 1,71 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе се поднесат соодветни кривични пријави.
- Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
- Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
- Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
- Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
- За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
- Кривична за директор од Свети Николе
- Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
- Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

