- Директорот на РХМЗ во Србија заврши зад решетки – прикрил имот од најмалку 650.000 евра
- Запалени транспаренти и ликови на Трамп, Венс и Нетанјаху во Техеран
- Граѓаните плаќале за регистрација, парите завршувале во туѓ џеб – Финансиската полиција откри проневера од над 41 милион денари
- Во недела е Митровден: Еве што навестуваат народните верувања за претстојната зима
- Голем пресврт утрово: Цената на нафтата драстично падна – најевтина во последните два месеци
- ВМРО-ДПМНЕ: Додека Мицкоски е премиер, ќе има плати и пензии, банките нема да пропаѓаат
- Граѓаните одлучуваат за што ќе се трошат пари во Кисела Вода – Отворен повик за предлози
- Наместо облека, во кутиите имало 207 килограми канабис: Голема заплена на аеродромот во Атина
Author: Author 04
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владини претставници, градоначалници, пратеници и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата детска градинка во општина Теарце, капацитет кој обезбедува згрижување за 147 дечиња и целосно ја укинува листата на чекање во општината. Обраќајќи се пред присутните, премиерот ја истакна важноста на овој енергетски ефикасен објект и изрази задоволство од реализацијата: – Би сакал да кажам дека сум исклучително среќен што денеска, заедно со колегите од Владата, со градоначалниците, со градоначалникот на Општина Теарце, со пратениците од македонското Собрание, со граѓаните на Општина Теарце, сведочиме на пуштање еден…
Вчера во 16:26 часот полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Т.М. од Тетово. Претходно, неговата 24-годишна сопруга пријавила дека во семејниот дом тој фрлил предмет кон неа и ѝ нанел повреда. Т.М. бил задржан во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. објави Скопје1.мк
Во рамките на одбележувањето на првата година од вториот мандат, градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов, презентираше отчет за постигнатите резултати, истакнувајќи дека општината се развива во модерна рурална средина со конкретни проекции во сите сектори. – Во првата година од вториот мандат продолжуваме со поголем интензитет на раст и развој на општина Конче со резултати во сите области со што веќе се гледа една модерна рурална општина. Но нема да се задоволиме со тоа тука продолжуваме да создаваме услови за поквалитетен живот на граѓаните без разлика на населените места со создавање перспектива за сите генерации – истакна Ристов. Во…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција го обвини лидерот на СДС, Венко Филипче, дека води селективна борба против криминалот и дека ги користи антикорупциските наративи за пресметка со внатрепартиски неистомисленици. Петрушевски се осврна на актуелните обвинувања за скандал тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана од времето кога министерка беше Славјанка Петровска, која сега е дел од платформата „12.05“ за реформи во СДС: – Венко Филипче и талогот од СДС зборуваат само за ЕУ и нашето пристапување во ЕУ по секоја цена. Во оваа прилика им укажуваме дека еден од главните услови за ЕУ е токму борбата…
Вистинска драма се одвивала синоќа по 22 часот во трговски центар во Белград, кога полицијата интервенирала откако маж се заклучил во машко сепаре во продавница на приземјето и одбил да излезе. Обезбедувањето првично се обидело да го отстрани од објектот, но по неговото одбивање повикало полиција. При пристигнувањето, осомничениот пружил силен отпор и се однесувал агресивно, па за неговото совладување биле потребни пет полициски службеници. Се сомнева дека тој консумирал наркотици додека се криел во сепарето. За време на инцидентот и физичкиот отпор, напаѓачот му ги искинал панталоните на еден полицаец, а на друг му ја оштетил униформата. Лицето е…
Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре, 06.10.2026 година, во периодот од 08:40 до 13:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Карпош. Како што соопштуваат од Електродистрибуција, прекинот ќе ги опфати улиците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски Шпато“ и „Беджих Сметана“.
Копилотот кој го нападна капетанот на авион на Флајдубаи со секира минатата недела и се обиде да ја преземе контролата врз авионот имал намера да го сруши во меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив, објавија израелските медиуми. Според извештаите на израелските Канал 12 и Ynet, 29-годишниот омански државјанин Хамам ел-Хамами наводно им рекол на истражителите дека откако го отстранил капетанот, планирал да го продолжи летот како ништо да не се случило. Според израелските медиуми, неговата намера била да ги добие сите потребни дозволи за слетување и само во последните фази од пристапот ќе го сруши Боингот во…
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информира дека актуелните пожари на територијата на Општина Липково во селата Матејче и Стрима сè уште не се ставени под целосна контрола, поради што се бара помош од воздухоплови. Во селото Матејче огнот се простира долж патот кон манастирот, каде екипите на „Национални шуми“ се повлекоа откако поради непристапноста на теренот не успеаја да го локализираат пожарот. Во Стрима опасноста за куќите била неутрализирана од мештаните, но огнот продолжува да гори во повисоките планински делови на локалитетот „Црвен Камен“. За состојбата се информирани надлежните институции, вклучувајќи ги ТППЕ Куманово, ДЗС и Општина…
Шеесет и четиригодишен маж од Србија успеа да преживее опасен напад од рој стршлени додека подготвувал огревни дрва, откако лекарите му изброиле 30 убоди на грбот, како и повеќе на главата и нозете. Инцидентот се случил на 28 септември, кога тој заедно со својот внук со трактор собирал дрва. Околу 13 часот, при петтото враќање, валјакот зафатил суво стебло од цреша од кое излетал разјарен рој инсекти. Благодарение на брзата интервенција на внукот, соседот и лекарите од Бајина Башта и Ужице, избегнати се фатални последици. Нападнатиот маж сведочи за ужасните моменти: – Ме нападнаа и ме избодоа по целото тело.…
Вишиот суд во Нови Сад му одреди мерка притвор во траење до 30 дена на 64-годишен маж од Силбаш, кој се сомничи дека со шипка го усмртил 70-годишниот маж во селото Гајдобра кај Бачка Паланка. Трагедијата наводно се случила по тврдењата на ќерката на осомничениот, односно снаата на жртвата, дека била сексуално нападната од нејзиниот свекор, поради што таа е испратена на гинеколошки преглед. Според пријателите, нападот се случил додека жртвата одмарала во својот дом, по што осомничениот сам ја известил полицијата. Судот ја потврди мерката притвор со образложение за заштита на текот на постапката: – Притворот е одреден поради…
