Close Menu
Press24
    Најново

    „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг

    05.11.2026 во 10:33

    Монструозно злосторство во регионот: Мајка си го убила бебето, па вината ја префрлила на 11-годишната ќерка

    05.11.2026 во 10:31

    Уапсен близок соработник на Александар Вулин: Буџетот оштетен за речиси 131 милион динари

    05.11.2026 во 10:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг
    • Монструозно злосторство во регионот: Мајка си го убила бебето, па вината ја префрлила на 11-годишната ќерка
    • Уапсен близок соработник на Александар Вулин: Буџетот оштетен за речиси 131 милион динари
    • Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“
    • Скандал на аеродромот во Белград: Алармот се активирал, но патникот сепак поминал
    • Муцунски горд на извештајот на ЕК: Највисоки оценки од Брисел за надворешната политика
    • Почнуваат како настинка, но не се обична детска болест – Првите симптоми и компликации од морбилите
    • Директорот на РХМЗ во Србија заврши зад решетки – прикрил имот од најмалку 650.000 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Граѓаните плаќале за регистрација, парите завршувале во туѓ џеб – Финансиската полиција откри проневера од над 41 милион денари

    Граѓаните плаќале за регистрација, парите завршувале во туѓ џеб – Финансиската полиција откри проневера од над 41 милион денари

    05.11.2026 во 09:48Updated:05.11.2026 во 10:372 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против управител на друштво за технички преглед на моторни возила, со иницијали М.Н., поради сомнение за продолжено кривично дело „Проневера во службата“.

    Според информациите од Финансиската полиција, осомничениот во периодот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2025 година, злоупотребувајќи ги овластувањата што ги имал во друштвото, противправно присвојувал пари наплатени од граѓани и компании при регистрација на возила.

    Станува збор за средства кои биле наменети за подмирување јавни давачки кон повеќе институции, но наместо да бидат уплатени, биле задржувани, со што на правното лице му била овозможена противправна имотна корист од вкупно 41.518.042 денари.

    Со ова, според пријавата, била предизвикана штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Од Финансиската полиција дополнуваат дека, во обид да се прикријат трагите, во текот на 2022 и 2024 година бил извршен и противправен отпис на јавни давачки во износ од 17.090.623 денари.

    На тој начин, во сметководствената евиденција бил намален долгот кон наведените институции и бил прикажан помал износ на обврски по основ на јавни давачки.

    Случајот е доставен до Основното јавно обвинителство Тетово за понатамошно постапување.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг

    05.11.2026 во 10:33

    Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“

    05.11.2026 во 10:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.