Close Menu
Press24
    Најново

    Директорот на РХМЗ во Србија заврши зад решетки – прикрил имот од најмалку 650.000 евра

    05.11.2026 во 10:08

    Запалени транспаренти и ликови на Трамп, Венс и Нетанјаху во Техеран

    05.11.2026 во 10:04

    Граѓаните плаќале за регистрација, парите завршувале во туѓ џеб – Финансиската полиција откри проневера од над 41 милион денари

    05.11.2026 во 09:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Директорот на РХМЗ во Србија заврши зад решетки – прикрил имот од најмалку 650.000 евра
    • Запалени транспаренти и ликови на Трамп, Венс и Нетанјаху во Техеран
    • Граѓаните плаќале за регистрација, парите завршувале во туѓ џеб – Финансиската полиција откри проневера од над 41 милион денари
    • Во недела е Митровден: Еве што навестуваат народните верувања за претстојната зима
    • Голем пресврт утрово: Цената на нафтата драстично падна – најевтина во последните два месеци
    • ВМРО-ДПМНЕ: Додека Мицкоски е премиер, ќе има плати и пензии, банките нема да пропаѓаат
    • Граѓаните одлучуваат за што ќе се трошат пари во Кисела Вода – Отворен повик за предлози
    • Наместо облека, во кутиите имало 207 килограми канабис: Голема заплена на аеродромот во Атина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Директорот на РХМЗ во Србија заврши зад решетки – прикрил имот од најмалку 650.000 евра

    Директорот на РХМЗ во Србија заврши зад решетки – прикрил имот од најмалку 650.000 евра

    05.11.2026 во 10:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вишиот суд во Белград му одреди 30-дневен притвор на директорот на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), Југослав Н. (71), осомничен за перење пари и прикривање имот во вредност од најмалку 650.000 евра, во соработка со Олга Н. (71) и Ѓорѓе Н. (45).

    Притворот за Југослав Н. е одреден за да не влијае врз сведоците и да не го повтори кривичното дело, потврди за Танјуг портпаролката на Вишиот суд, Ивона Чогуриќ.

    За Олга Н. е одредена мерка куќен притвор со електронски надзор и забрана за комуникација со сведок, додека за Ѓорѓе Н. притворот е укинат и тој ќе се брани од слобода. Сите осомничени се товарат за пренос и конверзија на имот стекнат со криминална дејност во периодот од ноември 2019 до ноември 2024 година, а на сослушувањето во Вишото јавно обвинителство се бранеле со молчење.

    Покрај перењето пари, директорот на РХМЗ се товари и за непријавување имот и давање лажни податоци согласно Законот за спречување на корупцијата. Според обвинителството, тој во наведениот период извршил готовински уплати без потекло во износ од над 41,8 милиони динари, 43.150 евра и 44.760 швајцарски франци, со кои купувал недвижности во Белград, Ужице и Црна Гора, за што не ја известил Агенцијата за спречување на корупцијата.

    Прочитај повеќе

    Наместо облека, во кутиите имало 207 килограми канабис: Голема заплена на аеродромот во Атина

    05.11.2026 во 09:25

    Во Србија се апсат полицајци за насилството врз демонстрантите од минатогодишните протести

    05.11.2026 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.