- МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење
- Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
- Голема акција на скопскиот градоначалник: Нови 6.000 садници во главниот град
- Дел од Македонија мрзне: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
- „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг
- Монструозно злосторство во регионот: Мајка си го убила бебето, па вината ја префрлила на 11-годишната ќерка
- Уапсен близок соработник на Александар Вулин: Буџетот оштетен за речиси 131 милион динари
- Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“
Author: Author 04
Сите лаги на Христијан Мицкоски со кои со години ја манипулира јавноста за наводно загрозениот идентитет, јазик и национални интереси се разобличени, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче нагласи дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека европскиот пат на Македонија не го загрозува ниту идентитетот, ниту јазикот. Тој додаде дека на јавноста веќе и е јасно дека власта со своите политики ја држи државата во изолација. „Сите лаги на Христијан Мицкоски паднаа во вода. Претседателката на ЕК кажа јасно и гласно, ве чекаме во Европска Унија со вашиот идентитет и вашиот…
СВР Штип поднесе кривична пријава против С. Т. (39) од светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот на 05.05.2026 и 06.05.2026 неовластено употребил банкарската картичка на друго лице, при што извршил две успешни трансакции во вкупен износ од 60.000 денари.
Вчера во 12:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Д.(30) од Неготино. Тој се сомничи дека од паркирано возило, сопственост на 38-годишен неготинец, со употреба на сила одзел пари, а од возило на 22-годишен неготинец одзел разни предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците. С.Д. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје, С.К.(38) од Скопје пријави дека на 03.10.2026 околу 19:30 часот пред неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар дошол М.Р. заедно со уште три лица, по што М.Р. и едно од лицата го нападнале физички и со тврди предмети, додека двајца од нив впериле пиштол кон него и неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска по повод Меѓународниот ден на учителот им додели признанија на професорите кои во изминатата година се истакнаа со својата работа, посветеност и вложување во сопствениот професионален развој. – Секој од нас памети барем еден свој учител. Некој што го препознал нашиот талент, што имал трпение за нашите грешки и верувал во нас тогаш кога самите сме се сомневале. Некој чие „ти можеш“ ни дало храброст да направиме важен чекор во животот. Да се биде учител значи да се остави трага во нечие растење, во нечии соништа и во нечии успеси. Тоа е професија…
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со директорката на ИФЕС за Северна Македонија, Јоана Косма, на која се разговараше за процесот на изборните реформи и следните чекори за унапредување на изборното законодавство. Во фокусот на разговорите беа потребата од инклузивен дијалог и вклучување на сите засегнати страни со цел зајакнување на довербата во изборниот процес. Министерството за правда веќе презеде чекори за обновување на соработката меѓу политичките чинители преку неодамнешните консултации со парламентарните партии. Шасивари нагласи дека реформите не можат да бидат едностран процес: – Изборната реформа не може да биде едностран процес и нејзиното унапредување бара континуирана комуникација,…
Вчера во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Грејната сезона 2026/2027 година за корисниците приклучени на системот за централно греење во Скопје, со кој управува АД ЕСМ, официјално ќе започне на 15 октомври. Согласно регулативата, испораката на топлинска енергија може да започне и пред овој датум, односно во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C или пониско, врз основа на податоците од УХМР. До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации дали се исполнети условите за испорака. Од компанијата упатија апел до потрошувачите навремено да ги завршат потребните поправки на внатрешните грејни инсталации…
Ноќеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го привеле Ф.Н. под сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При извршениот преглед кај него биле пронајдени и одземени 15 пакувања со марихуана. Ф.Н. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
Вчера во 14:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во 02:45 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга, К.М.(26) од Охрид бил физички нападнат од три лица кои употребиле дрвени палки. Тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ каде му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
