Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска по повод Меѓународниот ден на учителот им додели признанија на професорите кои во изминатата година се истакнаа со својата работа, посветеност и вложување во сопствениот професионален развој.
– Секој од нас памети барем еден свој учител. Некој што го препознал нашиот талент, што имал трпение за нашите грешки и верувал во нас тогаш кога самите сме се сомневале. Некој чие „ти можеш“ ни дало храброст да направиме важен чекор во животот. Да се биде учител значи да се остави трага во нечие растење, во нечии соништа и во нечии успеси. Тоа е професија чија вредност живее во генерациите што излегуваат од училишните клупи и во сето добро што тие го создаваат. Зад нивните признанија стојат часови подготовка, постојано усовршување и искрена желба секој ученик да добие поквалитетно образование и можност да го покаже најдоброто од себе. На сите наградени им честитам од срце! Вашето знаење станува можност за младите, вашата посветеност е нивна инспирација, а вашиот личен пример ги учи што значи да се работи чесно, одговорно и со љубов – изјави Ѓорѓиевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје продолжува со поддршката за работата на професорите со конкретни дела, како и со вложувањето во образованието и во подобри услови за настава, затоа што сакаме училишта во кои учениците ќе доаѓаат со желба да учат, а наставниците ќе ја имаат поддршката што ја заслужуваат.
– Во вашите училници расте иднината на Македонија. А во секој успех на вашите ученици, засекогаш останува и дел од вас. Нека ви е честит денот! – рече Ѓорѓиевски.
На манифестацијата, Ѓорѓиевски изрази голема благодарност до учителите, наставниците, професорите и стручните соработници, за секое пренесено знаење, за секој охрабрен ученик и за секоја вредност што ја всадуваат во младите.
- Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
- СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
- Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
- Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
- Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
- Студентите бараат 200 денари за оброк
- Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
- Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

