Author: Author 04

Од 2 до 4 октомври 2026 година, припадниците на Министерството за внатрешни работи, преку координирани активности на Работниот тим – Task Force, постапуваа во 13 случаи поврзани со недозволена трговија со дрога, на подрачјето на повеќе Сектори за внатрешни работи и Регионални центри за гранични работи. Во рамки на преземените активности извршени се повеќе прегледи и претреси на лица, возила, домови и други простории, при што е запленета поголема количина наркотична дрога, а 20 лица се лишени од слобода, меѓу кои и двајца странски државјани – од Полска и Чешка. Во текот на викендот, на подрачјето на СВР Струмица во…

Повеќе

Вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролите констатирани се…

Повеќе

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 5 октомври 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките. Ги известуваме корисниците на правото на Родителски додаток дека подготовката за исплата на…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека денеска е направен конкретен чекор кон реализација на проектот за булеварот „Цветан Димов“. Екипите на Општина Чаир, заедно со геодетски експерти, излегоа на терен за прецизно утврдување на трасата на булеварот. Реализацијата на овој проект се очекува значително да го подобри сообраќајот и инфраструктурното поврзување на Чаир со Бутел, Шуто Оризари и околните општини. Според Меџити, проширувањето на „Цветан Димов“ претставува една од значајните инфраструктурни интервенции и долгогодишна потреба на граѓаните од овој дел на градот. „Денеска направивме конкретен чекор кон реализација на булеварот ‘Цветан Димов’. Нашите екипи, заедно со геодетските експерти,…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик соопшти МВР. Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.А.(33) од Скопје, М.Д.(28) од с.Љуботен, скопско, Б.С.(43) од с.Брест, скопско, 34-годишната Г.А. од с.Врапчиште, гостиварско, С.С.(37) од с.Степанце, Општина Старо Нагоричане, Б.Ш.(40) од с.Рогле, Општина Желино, И.А.(45) од с.Чешиново, Општина Чешиново – Облешево и О.Ј.(44) од Штип. Под дејство на алкохол управувале три лица и тоа: Ј.С.(56) од Скопје Д.Р.(73) од Македонска Каменица и Р.Ј.(47) од…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и содејство со сите Сектори за внатрешни работи и Регионалните центри за гранични работи, од септември 2024 година спроведува Оперативна акција „Чистач“ на целата територија на Македонија. Акцијата е насочена кон детектирање, следење и расветлување на состојбите и општествено девијантните појави, како и откривање и сузбивање на кривични дела од областа на насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал. Од почетокот на Оперативната акција „Чистач“ до денес, полициските службеници извршиле проверка и утврдување на идентитетот на 74.229 лица, додека извршени се 158.955 прегледи на лица, превозни средства…

Повеќе

За резултатите од контролите на откупот на различни производи информираше директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, кој соопшти дека за утврдените неправилности инспекторатот изрекол 30 инспекциски мерки и издал 17 платни налози, од кои три се платени, а за преостанатите 14 се води прекршочна постапка пред Прекршочната комисија во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Државниот инспекторат за земјоделство во тековната 2026 година, заклучно со 15 септември, има извршено вкупно 873 вонредни инспекциски надзори согласно Законот за земјоделство и рурален развој, кај регистрирани правни лица кои вршеле откуп на земјоделски производи“, изјави Ангеловски. Тој информираше дека при контролите најчесто…

Повеќе

Почеток на доделувањето на првите картички за зелена нафта во текот на оваа недела, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната прес-конференција, која ја одржа заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Во пресрет на есенската обработка и подготовката на нивите, во текот на оваа недела започнуваме со доделување на првите картички за зелена нафта. За оваа мерка обезбедивме 584 милиони денари. Поддршката ја зголемивме за 12,3 проценти, со што директно го намалуваме трошокот за гориво во период кога земјоделците повторно влегуваат на нивите“, рече министерот Серафимовски. …

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека во Буџетот фалат една милијарда евра, а дупката во Буџетот, нема да се покрие со подобро управување или зголемена економска активност, туку со нови задолжувања, од кои граѓаните нема да имаат никаква корист. „Од каде ќе дојдат, од нови задолжувања. Нема друг извор на пари за оваа криминална власт, кој што и покрај тоа, повторно ќе ги искористат за своите партиски криминални тендери. Повторно и покрај новото задолжување, кое што ќе достигне 12 милијарди евра сега, граѓаните нема да видат никаков бенефит, ниту некаква мерка за нив“, рече Филипче.…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Христијан Мицкоски за наводната загрозеност на македонскиот идентитет. „Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може повеќе да глуми патриот кој ги штити националните интереси, поради тоа што вистината е дека тие се заштитени и никој, никогаш, на ниту еден начин, нема да може да ни ги одземе. Христијан не е задоволен од посетата, нормално, затоа што претседателката Фон дер Лајен му ја одзеде лагата“, рече Филипче. Тој потсети на изјавите и ветувањата на Мицкоски за Преспанскиот договор и на…

Повеќе