Close Menu
Press24
    Најново

    Паднаа двајца полицајци од Радовиш: Навеле лажни податоци во службен извештај за контролирани возила

    30.10.2026 во 16:31

    Драма кај трговски центар во Тетово: Малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж – едниот го повредил со остар предмет

    30.10.2026 во 16:25

    Двајца малолетници паднале од електричен тротинет – едниот со тешки повреди

    30.10.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паднаа двајца полицајци од Радовиш: Навеле лажни податоци во службен извештај за контролирани возила
    • Драма кај трговски центар во Тетово: Малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж – едниот го повредил со остар предмет
    • Двајца малолетници паднале од електричен тротинет – едниот со тешки повреди
    • Тренчевска за амандманите на СДСМ: Посебниот додаток за децата со попреченост да се зголеми за 15%
    • Ограбена аптека во Центар
    • Ристески: Дигитализација и иновациите се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни
    • ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
    • Превентивни мерки во Германија: Луксузните продавници ги заштитуваат излозите пред протестите на „Генерацијата З“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серафимовски најави почеток на доделувањето на картичките за зелена нафта оваа недела и нови мерки за земјоделците

    Серафимовски најави почеток на доделувањето на картичките за зелена нафта оваа недела и нови мерки за земјоделците

    05.10.2026 во 14:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Почеток на доделувањето на првите картички за зелена нафта во текот на оваа недела, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната прес-конференција, која ја одржа заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

    „Во пресрет на есенската обработка и подготовката на нивите, во текот на оваа недела започнуваме со доделување на првите картички за зелена нафта. За оваа мерка обезбедивме 584 милиони денари. Поддршката ја зголемивме за 12,3 проценти, со што директно го намалуваме трошокот за гориво во период кога земјоделците повторно влегуваат на нивите“, рече министерот Серафимовски. 

    Тој истакна дека во следниот период приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде и исплатата на финансиската поддршка од два денари за килограм јаболко од бербата во 2024 година, а кое е предадено до 30 јуни 2025 година. Станува збор за средства во висина од околу 150 милиони денари, за чија исплата налозите веќе се подготвени и сите производители што навремено поднеле барање и ги исполнуваат условите ќе бидат исплатени.

    „Откупот на винското грозје е во завршна фаза. Винариите досега имаат прифатено и преработено речиси 80 милиони килограми грозје, вклучувајќи го сопственото производство, а дополнително се извезени околу 13 милиони килограми, со што вкупната количина е околу 93 милиони килограми набрано грозје“, информираше министерот Серафимовски, притоа додавајќи дека во завршна фаза се и административните постапки за кредитната линија преку Развојната банка, со која е предвидено финансирање на откупот на винско грозје, чија цел е  да се зајакне ликвидноста на винариите и да се создадат услови за исполнување на обврските кон лозарите.

    „Според последните информации, во прилепскиот регион, просечната откупна цена на црвената пиперка од сортата куртовска капија е зголемена на 25 денари за килограм при предавање во откупен центар“, посочи министерот Серафимовски.

    Тој соопшти дека во двата најголеми производни региони за оваа сорта досега се откупени вкупно 44 милиони килограми пиперка, и тоа 11 милиони во откупните центри во Кривогаштани и 33 милиони во Струмица. 

    „Извозот на пиперка достигна 15 милиони килограми, приближувајќи се до вкупното минатогодишно ниво од 15,5 милиони килограми, додека откупот сè уште трае“, додаде министерот Серафимовски. 

    На прес-конференцијата тој се осврна и на измените на Правилникот за квалитет на млекото и млечните производи, а со кои се ограничува употребата на млеко во прав, реконституирано млеко и палмино масло во производството. 

    „Максимално дозволената количина на овие состојки треба да биде од 1 до 2 отсто“, информираше министерот Серафимовски.

    Тој го претстави и Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи, кој е ставен на јавна расправа. Предложените решенија предвидуваат писмени договори пред испораката, регистрирани откупувачи, однапред утврдени услови за откуп, точна евиденција и рокови за плаќање.

    „Сакам да ја искористам оваа прес-конференција да ги повикам сите земјоделци, здруженија и иницијативни групи активно да се вклучат и да достават конкретни забелешки и предлози на ЕНЕР или пак во подрачните единици на министерството“, порача министерот Серафимовски.

    Прочитај повеќе

    Ристески: Дигитализација и иновациите се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни

    30.10.2026 во 15:24

    Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк

    30.10.2026 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.