- „Граѓаните најмногу придонесоа“: Тошковски откри дека бројот на загинати во сообраќајки е намален
- Филипче бара оставка од Славески: Да не се обидува да го спаси Мицкоски
- Од понеделник банките го менуваат системот на плаќање – нови шифри на личните сметки на сите корисници
- Драма во казино во Брвеница: Вработен одзел над 48 илјади денари од касата
- (ФОТО) Манасиевски: Од каде се парите за зградата во Влае и дали Пендаровски е деловен партнер на Муслиу
- Нова временска прогноза за Македонија: УХМР со најава за времето утре
- Хорор ја потресе Македонија: 21-годишник пронајден мртов покрај опожарен автомобил, внатре имало уште едно тело
- Вучиќ даде мрачна прогноза за светот по поразот на Трамп
Author: Author 04
Грејната сезона 2026/2027 година за корисниците приклучени на системот за централно греење во Скопје, со кој управува АД ЕСМ, официјално ќе започне на 15 октомври. Согласно регулативата, испораката на топлинска енергија може да започне и пред овој датум, односно во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C или пониско, врз основа на податоците од УХМР. До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации дали се исполнети условите за испорака. Од компанијата упатија апел до потрошувачите навремено да ги завршат потребните поправки на внатрешните грејни инсталации…
Ноќеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го привеле Ф.Н. под сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При извршениот преглед кај него биле пронајдени и одземени 15 пакувања со марихуана. Ф.Н. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
Вчера во 14:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во 02:45 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга, К.М.(26) од Охрид бил физички нападнат од три лица кои употребиле дрвени палки. Тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ каде му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има незадоволство од пораките на Урсула фон дер Лајен или од застојот на патот кон ЕУ, изјави: „Видете, јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега и да ја искривуваат вистината. Јас, напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она коешто во иднина претставува посветеност лична и посветеност на Европската Унија, нѐ мотивира да продолжиме по патот…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,85% во однос на претходната одлука од 28 септември 2026 година. Новите цени стапуваат на сила од 6 октомври 2026 година, од 00:01 часот. Според пресметките, референтните цени на светскиот пазар бележат намалување: кај бензините за 2,885%, кај дизелот за 4,770%, кај екстра лесното масло за 4,384%, додека кај мазутот намалувањето изнесува 1,807%. Истовремено, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,9101%. При формирањето на цените се…
ЈКП „Водовод“ – Битола најави почеток на организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните приклучоци на територијата на општината. Во првата фаза од акцијата, теренските екипи ќе работат во населените места Долно Оризари, Буковски Ливади, како и во Старата Битолска Чаршија. Од претпријатието апелираат до граѓаните од овие региони да овозможат слободен и безбеден пристап до водомерите и да бидат достапни доколку е потребно усогласување на корисничките податоци. Акцијата на терен ќе продолжи етапно и во останатите населени места, за што јавноста ќе биде дополнително информирана.
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владини претставници и градоначалници, присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата детска градинка во општина Теарце. Објектот има капацитет за згрижување на 147 дечиња, со што целосно е укината листата на чекање во оваа општина. Во рамките на настанот, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што да очекуваат граѓаните од денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), премиерот кратко изјави: – Очекувам нафтата да поевтини.
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владини претставници, градоначалници, пратеници и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата детска градинка во општина Теарце, капацитет кој обезбедува згрижување за 147 дечиња и целосно ја укинува листата на чекање во општината. Обраќајќи се пред присутните, премиерот ја истакна важноста на овој енергетски ефикасен објект и изрази задоволство од реализацијата: – Би сакал да кажам дека сум исклучително среќен што денеска, заедно со колегите од Владата, со градоначалниците, со градоначалникот на Општина Теарце, со пратениците од македонското Собрание, со граѓаните на Општина Теарце, сведочиме на пуштање еден…
Вчера во 16:26 часот полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Т.М. од Тетово. Претходно, неговата 24-годишна сопруга пријавила дека во семејниот дом тој фрлил предмет кон неа и ѝ нанел повреда. Т.М. бил задржан во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. објави Скопје1.мк
Во рамките на одбележувањето на првата година од вториот мандат, градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов, презентираше отчет за постигнатите резултати, истакнувајќи дека општината се развива во модерна рурална средина со конкретни проекции во сите сектори. – Во првата година од вториот мандат продолжуваме со поголем интензитет на раст и развој на општина Конче со резултати во сите области со што веќе се гледа една модерна рурална општина. Но нема да се задоволиме со тоа тука продолжуваме да создаваме услови за поквалитетен живот на граѓаните без разлика на населените места со создавање перспектива за сите генерации – истакна Ристов. Во…
