- УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот
- Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ
- Важно известување за сите кои планираат викендов да патуваат за Грција
- Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест
- Николоски од терен: Изградбата на пругата кон Бугарија напредува, возови очекуваме во октомври 2028 година
- (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни
- Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците
- Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
Author: Author 04
Министерството за економија и труд денеска објави Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, во рамки на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2026 година. За реализација на оваа мерка се обезбедени 11,34 милиони денари, а поддршката ќе се реализира преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари по барател. „Со оваа мерка директно им помагаме на домашните компании и занаетчии да инвестираат во модернизација, нова опрема и зголемување на продуктивноста. Нашата цел е да создадеме поконкурентна домашна…
Опозициската СДС предводена од Венко Филипче ја продолжува антинационалната и антидржавната политика започната од Зоран Заев, која директно оди во интерес на бугарските власти, обвинија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција, членот на Централниот комитет на партијата, Валентин Манасиевски, истакна дека раководството на СДС нема никаков проблем со негирањето на македонскиот идентитет. „Заев започна со бришење на терминот „македонски’’ од сите државни институции, а сега неговиот потрчко и чувар на фотелјата во СДС, Венко Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’. Само СДС и Филипче немаат проблем кога некој не нарекува „северномакедонци’’, затоа за нив тоа е…
Голем финансиски пресврт: Овие четири хороскопски знаци ќе имаат најмногу пари во летото 2026 година
Летото 2026 година на многумина ќе им донесе чувство дека едвај врзуваат крај со крај, но за четири хороскопски знаци парите конечно започнуваат да се поместуваат од застој. Астролозите тврдат дека наредните месеци носат сериозни можности за заработка, напредок и поголема финансиска сигурност, особено за оние кои работеле тивко во претходните години, без големи резултати и признание. Влегувањето на Јупитер во Лав на крајот на јуни отвора период на видливост, похрабри одлуки и проширување на можностите. Во исто време, летото нема да ги награди импулсивните потези и брзото збогатување преку ноќ. Меркур ќе биде ретрограден во текот на дел од…
Општина Гази Баба ги додели решенијата за финансиска поддршка на младите лица на возраст од 18 до 25 години кои успешно аплицираа на јавниот повик за субвенционирање на трошоците за полагање возачки испит. Секој од апликантите доби поддршка во висина од 10.000 денари. Оваа мерка за прв пат се имплементира на територијата на Општина Гази Баба, а градоначалникот Бобан Стефковски истакна дека истата произлегува од изборната програма. „Оваа мерка за прв пат се реализира во нашата општина и претставува дел од изборната програма и од заложбите кои ги ветивме пред граѓаните. Особено ми е драго што денес уште еднаш покажуваме…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нови правила за кибербезбедност кои се однесуваат на објектите за производство, складирање, како и за системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Со овој потег, регулаторот ја засилува својата улога во заштитата на енергетскиот систем на државата од потенцијални дигитални напади и технолошки ризици. Новите правила се подзаконски акт усогласен со европските стандарди и имаат за цел обезбедување повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во интерес на граѓаните, стопанството и националната безбедност. Обврските директно ќе важат за МЕПСО, „Електродистрибуција“, МЕМО, снабдувачите за електрична енергија, големите производители (200 MW), операторите…
Времето утре ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Во недела ќе дува засилен до силен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Во вторник повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Следните денови минималните утрински температури ќе паднат до 4 степени додека дневните ќе достигнат 27 степени.
Началникот на полициската управа во Белград, Веселин Милиќ, е лишен од слобода во рамки на полициската операција поврзана со исчезнувањето на Александар Нешовиќ Баја, соопштија српските надлежни служби. Апсењето е извршено по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а во акцијата учествувале припадници на неколку клучни сектори на српското МВР. „Во продолжение на операцијата за разјаснување на околностите под кои исчезна Александар Нешовиќ Баја на 12 мај 2026 година, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминалот и Службата за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи на…
Автомобилските гиганти Stellantis и Dongfeng постигнаа официјален договор за заедничко производство на модели од марките Jeep и Peugeot во Кина. Станува збор за стратешки проект чија реализација и производство е планирано да започне веќе во 2027 година. Според деталите од договорот, заедничкото вложување ќе биде насочено кон производство на два теренски модели и два нови електрични автомобили на Peugeot. Овие возила ќе се произведуваат во фабриката во Вухан и ќе бидат наменети како за кинескиот, така и за глобалниот пазар. Целиот проект вклучува големи инвестиции кои надминуваат 1,2 милијарди долари (околу една милијарда евра). Во рамките на оваа соработка, Stellantis…
Вчера во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 од Кривичниот законик. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Малцинствата не се странци. Малцинствата се наши комшии, наши пријатели, наши другари, брачни партнери, колеги и сограѓани, се вели во соопштението од СДСМ. „Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, Хрвати па и Бугари како малцинска заедница – сите се македонски државјани. Прашањето за малцинствата не е бугарско прашање. Тоа е европско прашање. Ние преговараме со Европската Унија, а не со Бугарија за членство во ЕУ. Со внесувањето на малцинствата во Уставот се зајакнува единството и кохезијата на целото општество. Тоа го демантира бугарскиот наратив дека не постојат Македонци. Во Македонија се малцинства Бугарите, а во Бугарија Македонците. Уште една потврда…
