Author: Author 04

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали Владата ќе ја исполни на реформската агенда, изјави: „Имавме состанок со господинот Герт Јанг Копман којшто во рамките на Европската комисија тоа го движи. Сите сме оптимисти, од оние десет дека можеме девет и пол да испорачаме, од оние, а може и десет, буквално така заклучивме, коишто се во грејс период. Еден или два чекори зависат од учеството на опозицијата во нив, т.е. еден во овој грејс период, а тоа е Изборниот законик. Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека…

Повеќе

Опозицискиот СДСМ денеска јавно обвини за наводна нова координирана шема за преземање и финансирање на Алфа ТВ. Како што изјави портпаролката и членка на Извршниот одбор на партијата, Богданка Кузеска, информациите до нив стигнале од свиркачи, а целиот процес наводно го координира вицепремиерот Александар Николоски по директна насока на премиерот Христијан Мицкоски. Според партијата, промените во Унгарија ја загрозуваат досегашната медиумска структура во регионот, по што се бара начин за пренасочување на фондовите во земјава преку конкретни финансиски институции. Опозицијата тврди дека планот предвидува вклучување на нови компании кои треба да го преземат сопственичкиот удел и техничките капацитети на медиумот,…

Повеќе

Министерот за транспорт, Александар Николоски, во рамки на Самитот „Македонија 2025“ оствари средба со претставници на организацијата и нивни блиски соработници, со кои разговараше за промоција на земјава на светската сцена и за економските реформи. Николоски преку социјалните мрежи информираше за деталите од разговорите, потенцирајќи ја улогата на истакнатите претставници на македонската дијаспора во Канада. „Во рамки на Самитот „Македонија 2025“ остварив значајна средба со нашите долгогодишни пријатели на Македонија, Џон и Јордан Битов сопственик на најголемиот дневен весник во Канада „Toronto Star“, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и член на Владата“, објави…

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево, изјави: „Па ние пред некој ден имавме со новинарите, посета на градежните активности коишто се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар-Букојчани, а потоа Кичево-Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам да делницата Кичево-Охрид биде завршена некаде, еве најдоцна да речеме, првиот квартал од следната година, нешто што беше заборавено. Ај што беше заборавено, беше и уништено. Па сега разгледуваме можноста конечно и за таму да има одговорност, зошто…

Повеќе

Владата ќе продолжи да го помага развојот на Општина Кичево преку поддршка на локалните инфраструктурни проекти, најави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на општината, каде изврши увид во тековните активности заедно со претставници од извршната и законодавната власт. Мицкоски изрази задоволство од динамиката на работата на локалната самоуправа и потенцираше дека започнатите проекти ќе бидат комплетно реализирани во предвидениот рок. „Од ова што можеме да видиме, прилично амбициозна агенда и уверен сум дека сите овие проекти кои што се отпочнати, ќе бидат и завршени. Јас би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот, се разбира, за сето тоа кое…

Повеќе

Опозицискиот СДСМ денеска упати остри критики до Министерството за образование и наука поради зачестените инциденти, физички пресметки и појава на ладно оружје во образовните институции. Претседателот на партиската Комисија за образование и наука, Јованче Манасков, на прес-конференција истакна дека системот за превенција целосно потфрла. Според социјалдемократите, актуелната состојба во училиштата и ученичките домови бара итна институционална одговорност и итна ревизија на безбедносните протоколи. „Кога тендерите и финансиските интереси стануваат приоритет, а законите и заштитата на учениците се ставаат во втор план, тогаш се случува токму тоа што го гледаме денес – децата се занемарени, без заштита, додека наставниците и професорите…

Повеќе

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10-ти до 20 мај спроведува интензивни контроли во сите ланци маркети во државата. Доколку се утврди дека има неосновано зголемување на маржите, надлежните ќе преземат соодветни мерки, најави денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Според министерот, на терен во моментов се активни 30 инспекциски тимови. Првичните неофицијални информации по првите четири дена од почетокот на надзорите покажуваат дека е забележано одредено поевтинување кај овошјето и зеленчукот. Во однос на останатите прехранбени производи, Дурмиши појасни дека во овој момент нема законска основа за интервенција врз цените, но нагласи дека како можна идна мерка се…

Повеќе

Македонскиот здравствен систем е подготвен за справување со евентуална појава на хантавирус – андес варијанта, а ризикот од појава и ширење на овој вирус во државата е низок, оцени Комисијата за заразни болести по одржаната седница. На состанокот свикан во Министерството за здравство детално се разгледуваше состојбата со појавата на кластер со хантавирус на светско ниво, при што беа мапирани домашните капацитети за дијагностика и третман. Како што информираат од Комисијата, надлежните институции веќе ги имаат обезбедено сите потребни материјали за брза реакција во случај на сомнеж за инфекција кај некој граѓанин. „Институтот за јавно здравје располага со реагенси за…

Повеќе

Родителите на учениците кои вршат насилство во училиштата ќе се соочат со парична казна од 250 евра, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Казната ќе се применува и во случаите кога родителот ќе одбие соработка со училишните служби и надлежните институции. Овие новини се дел од измените на Законот за основно образование, кои се подготвуваат по серијата регистрирани инциденти на врсничко насилство што ја вознемирија јавноста во изминатиот период. Ресорната министерка децидно ги потврди законските измени кои имаат за цел да ја подигнат одговорноста на семејството во воспитниот процес. „Родителот ќе биде казнет со 250 евра за секое…

Повеќе

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и заменик-министерот Кирил Темелков, којашто се одржа во Атина, Грција. Станува збор за средба која е единствена во ваков формат, а која е фокусирана на регионалното енергетско поврзување и зацврстување на соработката меѓу земјите од регионот на полето на енергетиката.Министрите ја нагласија потребата од понатамошна меѓусебна соработка во регионот како катализатор на инфраструктурните развојни планови , пазарната интеграција во делот на гас и електрична енергија, флексибилноста и сигурноста…

Повеќе