- Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни
- Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат
- Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек
- АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
- Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони
- МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства
- Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите
- Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра
Author: Author 04
Вчера во 11:05 часот вo СВР Скопје е пријавено дека во с.Инџиково, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.С.(70). Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а сопственикот Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција од угостителски објект. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен.
На 14.05.2026 во 14:30 часот во СВР Велес, 58-годишна жена од село во општина Градско, пријави дека била измамена за сума од 240.000 денари. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар во Општа болница Велес и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болницата со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат, за што требало да плати, а парите да ги донесе во болница. Како што е пријавено, во дворот од болницата ја пречекало женско лице на кое ги дала парите, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Полицијата со полни раце работа изминатото деноноќие.На 14.05.2026 во 23:00 часот во ОВР Неготино, М.А.(33) од Неготино пријави дека на улица „Маршал Тито“ во Неготино, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, а друг малолетник снимал со телефон. Известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 14.05.2026 во 14:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа М.С. од Скопје, затоа што на подрачјето на Чаир се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 15.05.2026…
Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, 48-годишната М.Х. од Скопје пријави дека на 09.05.2026 околу 18:30 часот на подрачјето на Центар паднала во шахта без капак и се здобила со тешка телесна повреда. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Утрово во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 часот Ѓ.У. добила породилни болки и се породила во дворот. Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави жестока офанзива на полицијата против несовесните возачи на мотори кои го загрозуваат јавниот ред и безбедноста во градовите. Тој повлече јасна линија меѓу вистинските љубители на мотори и оние кои ги користат двете тркала за дивеење по улиците. Министерот беше дециден дека МВР повеќе нема да толерира опасно возење, неносење кациги и прекршување на сообраќајните правила. „Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии. Тие ќе бидат таргет, тие што употребуваат мотори надвор од закон. Затоа што тие се најголем…
Министерството за внатрешни работи и А1 Македонија денеска официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест за ризиците од користење мобилен телефон и дигитална дистракција во сообраќајот. Кампањата има за цел да поттикне поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци, велосипедисти и корисници на електрични тротинети, испраќајќи јасна порака дека ниту еден телефонски повик или нотификација не вреди повеќе од човечкиот живот. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и дека ваквите иницијативи имаат особено значење во подигнувањето на јавната свест. „Една…
Целата територија на државата утре, 16 мај, ќе биде зафатена од нестабилна воздушна маса која ќе донесе поинтензивни метеоролошки процеси. Според метео-алармот, се очекуваат локални невремиња придружени со обилни врнежи од дожд и силен ветер. Метеоролозите предупредуваат на бурен развој на облачноста кој ќе предизвика поројни дождови, со количина која на места ќе надмине 20 литри на метар квадратен. Особено внимание се препорачува поради најавениот засилен до силен ветер, чија брзина ќе достигне над 70 километри на час, како и појава на грмежи.
ВРЕМЕТО ИСТЕКУВА ЗА НИНА – БЕЗ ИТНА ПОМОШ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте. За Нина постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува.Дел од сумата веќе е собрана, недостасуваат уште 30% од истата. Вкупно потребни средства се 54.361 евра, како и дополнителни средства за патни трошоци, виза и престој. Времето минува, а ние се уште ги немаме средства и неизвесноста не убива. Дали ќе успееме?…
