- ВИДЕО: Со виљушкар откорнаа банкомат и избегаа за неколку минути
- Муцунски во Ирска: ЕУ проширувањето мора да биде фер и објективен процес
- Мицкоски: Како Влада почнавме од нула – Македонија денес топ-5 во Европа по раст на БДП
- Западен Балкан во фокусот на самитот за транспортни инвестиции во Солун
- Кралското семејство донесе конечна одлука: Принцот Џорџ ќе го напушти домот во септември
- Кампусот на „Мајка Тереза“ добива конечен изглед
- ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме со народот, а СДСМ бега од него
- Бугарија против ЕУ – не сака санкции против Русите
Author: Author 04
Уште само 8 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите точки од Реформската агенда, велат од СДСМ. „8 дена до уште едно големо неисполнето ветување. 8 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО не сака Македонија да стане членка на ЕУ. Мицкоски ветуваше дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од реформите. Секако, клучни се се уставни измени и внесување на малцинствата во уставот како услов за продолжување на европскиот пат. Досега реформите не се исполнети, рокот изминува. Мицкоски не ги исполнува реформите за ЕУ затоа што…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави итна надградба и дополнителна имплементација на системот „Safe City“ на сообраќајниците. Оваа одлука доаѓа непосредно по тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири лица. Системот користи софистицирана технологија за видео надзор и автоматско препознавање на прекршоци, со цел да се воспостави поголем ред во сообраќајот во главниот град. Преку воведувањето на овие камери и дигитални контроли се очекува сериозно намалување на брзото и неодговорно возење по булеварите и клучните сообраќајни точки. „Безбедноста во сообраќајот не е само прашање на казни, туку на свест и култура. Продолжуваме со техничко…
Денешниот хороскоп покажува дека денот е идеален за решавање на заостанатите обврски на личен и професионален план. За Овенот ова е добар ден за продуктивност бидејќи има енергија да го заврши одложуваното, во љубовта треба да покаже дела, а на работа фокус на детали. Бикот има стабилна и насочена енергија за важни проекти, при што во љубовта треба да покаже сигурност, а на работа доследност. Близнаците треба да се фокусираат на домот и да средат она што им прави неред, а во емотивните односи да не ги игнорираат малите проблеми туку да ги решат на време. За Ракот денот носи…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, што се одржа во Хелсингборг, Кралството Шведска. На состанокот беа разменети мислења за актуелните глобални безбедносни предизвици, со посебен фокус на подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Анкара, закажан за јули оваа година. Во рамки на дискусиите, министерот Муцунски испрати јасна порака до сојузниците во врска со безбедносната состојба во нашиот регион. „Западниот Балкан останува област во Европа во која постои сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори и каде што сè уште постојат безбедносни ризици“, нагласи Муцунски,…
Најмалку 90 рудари го загубија животот по силна експлозија на гас во рудникот за јаглен Лиушенју, кој се наоѓа во северниот дел на Кина. Рудникот каде што се случила трагедијата е под директно управување на познатата групација „Тонгжу“ во кинеската покраина Шанкси. Како што објави порталот 4news.mk, инцидентот се случил вчера точно во 19:29 часот по локално време, во моменти кога на должност во рударските јами биле вкупно 247 работници. Веднаш по детонацијата, Кинеското Министерство за управување со вонредни состојби мобилизираше масовни ресурси за справување со последиците од несреќата. На терен се испратени 345 професионални спасувачи поделени во шест екипи,…
Погребот на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, ќе се одржи денеска, 23 мај 2026 година, на гробиштата во скопската населба Нерези. Од Националната опера и балет информираа дека телото ќе биде изложено во капелата во 15:00 часот, додека погребната церемонија ќе започне во 16:00 часот. Матичната куќа со голема жалост се прости од својот долгогодишен истакнат член кој остави голем белег на сцената. „Со длабока почит и тага ќе се простиме од нашиот колега, уметник и пријател, чиј исклучителен глас и уметничко творештво оставија неизбришлива трага во македонската оперска уметност“, стои во објавата. Оперскиот уметник е…
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати официјална честитка до припадниците на влашката заедница по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. Во своето обраќање, таа стави посебен акцент на историскиот континуитет, зачувувањето на јазикот и идентитетските карактеристики на овој народ. „Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет.“ Претседателката потенцираше дека истрајноста и духовното достоинство на Власите се пренесувале низ генерациите и покрај сите историски премрежија. „Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство…
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати официјална честитка до припадниците на влашката заедница во земјава по повод 23 Мај – Меѓународниот ден на Власите. Во своето обраќање, Минчев го потенцираше значењето на оваа заедница во градењето на заедничката држава и нејзиното историско наследство. „Денес оддаваме почит на вековната традиција, култура и духовно наследство на влашката заедница, која претставува нераскинлив дел од општествениот и културниот живот во Република Македонија“, стои во честитката на министерот. Тој посочи дека Власите дале огромен и суштински придонес во сите клучни општествени сфери низ годините. „Власите со својата посветеност, труд и автентичност оставиле длабока трага…
Филипче да каже дали е дел од мрежата на бугарските мисии во Скопје за кои говори Петрова Чамова? Венко Филипче е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија, Филипче отворено ги промовира бугарските позиции и има ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени од Румен Радев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филиче и СДС не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива. За Филипче и СДС не е проблем народот да биде нарекуван „северномакедонски“, ниту…
ДУИ сè уште не може да се помири со новата политичка реалност и со губењето на поддршката кај Албанците. Во недостаток на резултати и доверба од граѓаните, оваа партија избра напади, пропаганда и етикетирања кон секој политички противник, стои во соопштението на ВРЕДИ. „Нападите кон медиумите, анкетите и јавноста јасно го покажуваат растечката нервоза во редовите на ДУИ поради континуираниот пад на поддршката. Албанците веќе зборуваа јасно. Тие гласаа за промени, одговорност и крај на политиката на страв, договори и манипулации што со години го држеа албанското политичко претставување во заложништво. ВРЕДИ е резултат на волјата на граѓаните и новата…
