- Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
- Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
- Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
- Државата преговара за поевтин гас, в понеделник ќе се знае дали горивата ќе поскапат
- Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
- Куманово: Цели девет месеци силувал дете
- Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
- Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
Author: Author 04
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција му упати прашање на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дали е пред договор за ново предавство на државата, обвинувајќи го дека неговиот став „прво Бугари во Устав, па сè друго“ отвара сериозни сомнежи. Поставувајќи прашања до јавноста за заднинските текови, Петрушевски истакна: – Ова отвора низа дилеми и прашања, меѓу кои главно е тоа дали има комуникација помеѓу Румен Радев и Заев? Потоа следи и прашањето зошто Филипче не зборува за заштита на македонскиот идентитет? Јавноста заслужува да знае дали навистина зад овој став на Филипче е некој нов бизнис договор? Тој…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување на Радио Лидер, ексклузивно соопшти детали за големата полициска акција која вчера беше спроведена во Прилеп, посочувајќи дека станува збор за разбивање сериозна организирана криминална група, на која Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство и со странски партнерски служби, работело повеќе од една година. „Станува збор за разбивање на една организирана криминална група, многу сериозна криминална група којашто добар дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон“, истакна Тошковски. Министерот информираше дека во текот…
Полициски службеници од Полициското одделение Маврово привеле 33-годишен државјанин на Авганистан, откако при сообраќајна контрола во такси возило кај него биле пронајдени марихуана и ризли. Како што информира МВР, Ш.М.А. бил лишен од слобода на 30 септември во 11:05 часот на местото викано „Бунец“, додека се превезувал во такси возило со скопски регистарски ознаки. По приведувањето, лицето било задржано во полициска станица, а потоа било изведено пред судија од Основниот суд во Гостивар. Судот му изрекол соодветни прекршочни санкции, како и мерка забрана за влез во Македонија во траење од една година.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што на новата генерација студенти им ја честиташе почетокот на новата академска 2026/2027 година, порачувајќи им дека универзитетот е вистинското место за учење, истражување и поставување прашања. Обраќајќи им се на бруцошите, министерката истакна дека тие се идните двигатели на општеството: – Овие млади луѓе избрале високо образование за да ги остварат своите амбиции и да се подготват за идните професионални и животни предизвици. Очекуваат да стекнат знаење и да научат вештини што ќе им овозможат успешно да…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска им се обрати на студентите на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со кој официјално започна новата академска 2026/2027 година, порачувајќи им дека во нив секогаш чувствува чудна младешка енергија и бунтовност со причина. Говорејќи за значењето на правото, образованието и критичкиот ум, претседателката истакна: – Сè уште верувам дека политиката може да се заузда со правото и дека на овој чуден свет му треба идеализам. Право, правда и етика. Таа нагласи дека најважно за студентите е да веруваат во силата на критичкиот ум, потсетувајќи на историското наследство на светите Кирил…
Возач на камион, државјанин на Северна Македонија со иницијали М.Ј., загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Врање – Ниш, во близина на Богоевац кај Лесковац. Несреќата се случила околу 01:50 часот по полноќ кога возачот, управувајќи камион со приколка, најверојатно поради неприлагодена брзина излетал од коловозот. По слетувањето, возилото се запалило и целосно изгорело, а телото на возача било пронајдено внатре во камионот. На местото на настанот интервенирале екипи на противпожарната служба, брзата помош и полицијата, која извршила увид. Истрагата е во тек за утврдување на точните причини за трагедијата.
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и генералниот секретар на Националниот младински совет на Македонија, Мариана Ангелова, потпишаа Меморандум за соработка насочен кон поголема поддршка и учество на младите во локалните заедници. Ѓорѓиевски нагласи дека секој млад човек со идеја и желба за придонес заслужува институции што ќе го слушнат: – Секој млад човек со идеја, знаење и желба да придонесе заслужува институции што ќе го слушнат и ќе го поддржат. Наша одговорност е да создадеме услови во кои младите ќе можат да го остварат својот потенцијал и со увереност…
Премиерот Христијан Мицкоски се обрати пред новата генерација студенти – бруцоши на Универзитетот „Гоце Делчев“, порачувајќи им дека вистинскиот живот се состои во борбата за сопственото семејство и татковината, а своето обраќање го започна како колега и професор, споделувајќи ги сопствените животни искуства од студиите и меѓународното усовршување во Италија, Германија и Австрија. Истакнувајќи ги предизвиците на новото време и влијанието на социјалните мрежи, Мицкоски нагласи дека туѓите искуства прикажани онлајн не ја рефлектираат реалноста: – Сакам да ви дадам еден совет којшто го имам научено во мојот живот – тоа не е точно. Тоа што секој сака да ви…
Општина Аеродром им овозможува на младите на возраст од 15 до 30 години бесплатно да ги унапредат своите знаења по англиски јазик, да ги развијат комуникациските вештини и да стекнат сертификат за постигнато ниво Б2 согласно со CEFR. Обуката ќе ја спроведе Здружението за едукација, превод и сертификација „Јазична академија“ – Скопје, кое ќе реализира интензивен курс за најмногу 50 учесници. Програмата ќе биде организирана во соодветни групи, согласно со почетното ниво на јазично знаење на учесниците. Обуката е практично ориентирана, со современи наставни методи и интерактивна настава, со посебен фокус на комуникацијата и практичната употреба на англискиот јазик во…
Полицијата во Гостиварско и Тетовско во текот на 30 септември привела повеќе лица при сообраќајни контроли поради управување возила без возачка дозвола или без положен возачки испит, при што во еден од случаите кај сопатник била пронајдена и марихуана. На патот кон струшкото, односно гостиварското село Калиште, во 21:00 часот бил уапсен 21-годишниот Д.А. од Неготино кој управувал „БМВ“ без дозвола, а возилото било одземено. Во исто време во Желино бил приведен 31-годишниот А.Б. кој возел „голф“ без возачка дозвола. На регионалниот пат Тетово–Скопје приведен е 31-годишниот С.Р. од Сарај поради управување без положен испит, за што ќе добие поднесок…
