Author: Author 04

Вчера во 16:20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Џ.Д.(29) од Радовиш. Претходно, на социјална мрежа бил објавен видео запис во кој се гледа како машко лице пука со пиштол и по преземани мерки било констатирано дека на видеото е С.А.(32) од Радовиш. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на С.А., при што во соба на неговиот брат Џ.Д. се пронајдени и одземени пушка, гасен пиштол, куршуми за гасен пиштол, куршуми со калибар 7.65 мм и меч со футрола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство…

Повеќе

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, 12-годишен малолетник од с.Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил петгодишникот, констатирани во Итната медицинска помош Пехчево. Увид на местото изврши увидна екипа на ОВР Берово.

Повеќе

Вчера во 21:20 часот во СВР Скопје, Ј.В.Д.(42) од Скопје пријави дека на 21.05.2026 околу 19:30 часот слушнала тропање на кровот на нејзината куќа на ул.„Ѓорѓи Динката“ во Драчево, а на 22.05.2026 околу 21:00 часот на скали од куќата пронашла зрно од огнено оружје. Зрното е подигнато за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Повеќе

Лишени од слобода двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, следува пријава Вчера околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ул.„Козара“ на подрачјето на Центар во Скопје. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Три лишени лица од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 22.05.2026 околу 22:25 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријави дека околу 21:00 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. На 22.05.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.И.(50) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 08:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал. На 23.05.2026 во 06:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.А.(18) од Неготино,…

Повеќе

Македонскиот актер Драган Спасов Дац преку социјалните мрежи се збогуваше со оперскиот пејач Ристе Велков, кој трагично загина во сообраќајната несреќа на скопската обиколница. Дац во својата објава евоцираше спомени од почетоците на кариерата на Велков, кога му помагал околу поставувањето на неговите први улоги на сцената. Тој се потсети на специфичен детаљ од нивната заедничка соработка и професионална поддршка во театарот пред многу години. „Ристе, пред многу години, на твоите почетоци, ме замоли да ти помогнам околу еден мизансцен што требаше да го поставиш на сцената. Тогаш ти предложив еден фенер-симбол што многу ќе ти помогне во намерата на…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари телефонски разговор со Јанез Јанша (Janez Janša). Мицкоски му упати честитки на Јанша по повод неговиот избор за премиер на Република Словенија, како и за успехот во формирањето на новата словенечка влада. За време на разговорот, македонскиот премиер на Словенија ѝ посака стабилност, напредок и успешна деловна работа во периодот што следи. Двата соговорници ја потврдија заедничката заложба за дополнително продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави. Во фокусот на разговорот беа и идната политичка соработка, како и засилувањето на партнерството меѓу Македонија и Словенија. Мицкоски потенцираше дека двете земји продолжуваат да градат…

Повеќе

Времето утре променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град, сооопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се…

Повеќе

Вчера во 22:45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода В.Б.(40) од Гостивар. Претходно, полициски службеници забележале дека тој со патничкото возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, поминал на црвено светло на семафор. Набргу, возилото било запрено и при контролата било утврдено дека возилото го управувал без возачка дозвола, и под дејство на алкохол , односно измерени му се 0,61 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Странските државјани кои планираат да аплицираат за американска „Зелена карта“, во иднина ќе мора да ја започнат целата процедура надвор од територијата на САД, пренесува агенцијата ДПА. Ова е одлука на Службата за државјанство и имиграција на САД (УСЦИС), согласно новите правила на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Според новото правило, секој странски државјанин кој привремено престојува во САД ќе мора да се врати во својата матична земја за да поднесе барање, освен во вонредни и исклучителни околности. Досегашната американска пракса им овозможуваше на туристите, студентите и други привремени посетители, под одредени услови да аплицираат за постојан престој додека се…

Повеќе