- Многу топло од рано наутро – Температурите во градовите низ Македонија, од утре пак невреме
- Клубот на истражувачи со нова сесија во Народната банка
- Прекин од 9 часот – Улица во Скопје останува без вода
- Градинка за секое дете – Конференција во Скопје
- Ќе нема струја до 13 часот – Исклучувања во неколку места низ Скопје
- Беше избрана со 56 гласа „за“ и еден „против“ – Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК
- Училиштата во првите редови во борбата против насилството – Поддршка и заштита за децата преку нов национален проект
- Извештаи, ратификации и законски измени на дневен ред во Собранието
Author: Author 04
Променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час, најавуваат синоптичарите за денеска. Според официјалните информации, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер кој ќе надминува 60 километри на час, а постојат и услови за изолирана појава на град. Минималната температура во земјава се очекува да биде во интервал од 9 до 16, додека максималната ќе достигне од 21 до 28 Целзиусови степени. Во Скопје и околината се очекува слично променливо облачно и нестабилно време со…
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.5Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. .
Владата и Град Скопје ја интензивираат соработката за реализација на нови, големи развојни проекти во главниот град, беше констатирано на денешниот работен состанок меѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. На средбата биле детално разгледани досегашните активности, но и прецизирани следните чекори за капитални инвестиции кои ќе се спроведуваат со заеднички сили. „Денес, во Владата на Република Македонија, заедно со Премиерот одржавме работен состанок посветен на проектите што Град Скопје ги реализира со силна поддршка од Владата, како и на идните капитални проекти што заеднички ќе ги реализираме“, објави Ѓорѓиевски. Според неговите зборови, тековната динамика на поддршка од централната…
Како неосновани и паушални ги оцени Министерството за транспорт и врски денешните обвинувања од СДСМ, објавувајќи ги јавно деталите и конкретните суми од четирите пристигнати понуди за електричните автобуси. Од институцијата посочуваат дека иако меѓународниот јавен повик на крајот пропаднал, целиот процес на евалуација бил спроведен строго според законските процедури во земјава. „Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, до Министерството за транспорт пристигнаа 4 понуди кои беа предмет на евалуација. Иако тендерот пропадна, во интерес на јавноста би…
Земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала попладнево е почувствуван во Скопје и во околните населени места. Според првичните податоци од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случил точно во 17:41 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил лоциран во Скопската Котлина, поточно на 21 километар источно од Скопје и на околу 15 километри источно од Кисела Вода. Сеизмолошките апарати регистрираа дека овој природен феномен бил на релативно мала длабочина, со хипоцентар проценет на 5 километри под површината на земјата. Засега нема информации за евентуални материјални штети, а потресот предизвика краткотрајна вознемиреност кај граѓаните кои живеат на…
Очајот во СДС по случајот со откривањето на врската меѓу Филипче и Виктор Стојанов, преку испливување на сликата со Рубин Земон, доведе до паника во нивната партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Мислат дека со лаги и ширење на невистини некој ќе им поверува. Фотографијата во која наводно “откриле” нешто е тежок фалсификат и глупост. Јасно може да се види во писмото кое си го напишале сами во Центарот за лаги на СДС, дека лицето кое ја поднело жалбата – “ќе информира Белата куќа и МНР на САД”. Овој документ е лажен затоа што МНР на САД не постои, туку Стејт Департмент.…
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска најави дека се подготвуваат законски измени со цел привлекување нови инвеститори и развој на дигиталната инфраструктура во државата. Николоски посочи дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, кои директно ќе ја олеснат и стимулираат изградбата на големи Дата центри. Според неговите зборови, ваквите објекти се клучни за следење на глобалните технолошки трендови кои го трансформираат светот. „Со развој на вештачката интелигенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачка интелигенција, Дата центрите стануваат нивна неопходност и поддршка.…
Седумгодишниот М.С. од Кикинда, кој беше тешко повреден во сообраќајна несреќа на 10 мај, почина во Заводот за здравствена заштита на деца и млади на Војводина во Нови Сад. Додека роднините, соседите и пријателите во неделата се собираа во дворот на семејната куќа за да изразат сочувство, најлошата вест ја потврди чичкото на момчето. „Тие го имаа само него“, кратко рече чичкото на починатото момче. Несреќата се случи во неделата на 10 мај, околу 18:30 часот на улицата Албертова, кога патничко возило „БМВ“ управувано од млада жена од Кикинда удрило во детето. На малото момче прво му била укажана помош…
На 22/23.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(28), М.К.(30) и С.А.(30) од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно расчистување на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со итно известување за моменталниот развој на нестабилните облачни маси над територијата на државата. Според официјалните податоци добиени од најновата радарска слика, во моментов врнежи од дожд се забележани претежно во планинските региони низ земјава. За разлика од планините каде интензитетот е умерен, радарските системи покажуваат поинтензивни процеси и појава на пороен дожд во околината на Велес.
