- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упатувајќи честитки до припадниците на влашката заедница и истакнувајќи го нивниот значаен придонес во историскиот, културниот и општествениот развој на државата. Во своето обраќање, министерот Андоновски нагласи дека Националниот ден на Власите е значаен не само за влашката заедница, туку и за целата држава, бидејќи преку чествувањето на една заедница се потврдува духот на Македонија како мултиетничка држава на соживот, меѓусебно почитување и разбирање. „Влашката заедница е нераскинлив дел од историскиот, културниот и општествениот развој на Македонија. Со генерации, Власите…
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција изнесе обвинувања за корупција и нерегуларности во постапката за набавка на нови автобуси за потребите на главниот град. Фрчкоски покажа документ за кој тврди дека е официјална претставка до Министерството за транспорт која директно ја потврдува нивната теза за фаворизирање на одредена компанија блиска до унгарските власти. „Додека граѓаните со часови чекаат по станиците и се возат во распаднати автобуси, фокусот на власта е исклучиво со местење тендери и милионски зделки. Затоа пропадна тендерот за набавка на 150 автобуси кој го најавуваше Орце и затоа скопјани уште ќе чекаат,…
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска упати честитка по повод Националниот ден на Власите, потенцирајќи го нивниот длабок корен, богата историја и огромен придонес во изградбата на државата. Ѓорѓиевски истакна дека Власите се нераскинлив дел од македонскиот код, меморија и култура кои низ вековите успеале да го зачуваат својот јазик и достоинство. Во својата празнична порака, тој упати и конкретно ветување за заедницата кое се однесува на зачувување на нивната културна традиција во главниот град. „Сакам јасно да порачам – секогаш ќе бидеме ваша поддршка! А како Град Скопје, ќе се заложиме влашката заедница да добие своја Влашка куќа, место кое ќе…
Сообраќајна несреќа се случи попладнево на една од најфреквентните раскрсници во главниот град, во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Според првичните информации од терен, патничко моторно возило удрило во лице кое управувало велосипед. Како последица на возилата кои се наоѓаат на коловозот, сообраќајот во овој дел од градот во моментов се одвива отежнато и со забавено темпо. Засега сè уште нема подетални официјални информации за состојбата на велосипедистот.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини скапите задолжувања на Владата ќе ја чинат државата дополнителни камати, а товарот ќе го сносат граѓаните.“ Тој посочи дека се отвораат прашања за начинот на задолжување и условите под кои се земаат средствата. „Иако е најавено дека побарале 300 милиони евра, од конзорциум на банки, Министерство за финансии, Владата добила 260 милиони евра. Значи, поради стратегијата да не се земе вкупно преку издадена обврзница милијарда и триста милиони евра, туку се земала милијарда по поповолни услови и по понеповолни 260 милиони евра, државата повеќе должи по основа на камата дополнителни 20…
Нов бран на нестабилност попладнево предизвика невреме со силен пороен дожд и засилен ветер во повеќе делови на државата. Метеоролозите алармираат дека во Валандовско и Скопско има услови и за појава на суградица, придружена со електрични празнења. Врнежите и засилениот северен ветер веќе се активни во северните делови на Скопската Котлина каде се бележат ретки грмежи. Паралелно, лошото време со пороен дожд е активно и во околината на Пробиштип како и на територијата на општина Свети Николе. Граѓаните и возачите се повикуваат на будност во овие региони каде процесите во моментов се поинтензивни.
Вчера во 16:35 часот во Полициското одделение Петровец, Б.П.(34) од с.Марино, општина Илинден, пријави дека во 14:50 на игралиште во училишен двор во населба Илинден нејзиниот малолетен син бил физички нападант од од Н.Т. – татко на малолетник со кој заедно си играле и имале кратка расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавна установа за зргижување на деца на подрачјето на Центар во Скопје е пријавено дека на 21.05.2026 околу 23:00 часот, 15-годишен штитеник се обидел да изврши обљуба врз 14-годишен штитеник, а откако тоа го забележала една вработена 15-годишникот заминал од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По едно лице во Делчево, Свети Николе, Велес и Прилеп управувале возило под дејство на алкохол и по едно лице во Радовиш и Гостивар управувале возило без возачка дозвола и под…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека по речиси две години власт на ВМРО и Мицкоски, граѓаните живеат потешко, а економската состојба во државата е сериозно влошена. „Се поставува прашањето дали граѓаните сега, после скоро две години од владата на Христијан Мицковски живеат подобро. Одговорот е не. Со празни џебови, со празни фрижидери, со секојдневна борба да се преживее од први до први“, рече Филипче. Тој посочи дека, владата нема резултати ниту во економијата, ниту во животниот стандард на граѓаните. „Две години од владата, нема напредок на ниту едно поле, а најголемо потфрлање има во економијата и…
