Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Мицкоски и власта бегаат од европското обвинителство и Лаура Ковеши, затоа евроинтеграциите се во застој

    Кузеска: Мицкоски и власта бегаат од европското обвинителство и Лаура Ковеши, затоа евроинтеграциите се во застој

    02.10.2026 во 11:212 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со месеци велиме: процесот за ЕУ стои во место затоа што Мицкоски се плаши од европско обвинителство, истакна портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.

    Според неа, тоа сега е и писмено потврдено.

    „Фон дер Лајен го враќа проширувањето. Пред членство –прво приклучување кон Канцеларијата на европскиот јавен обвинител. Не после. Пред тоа. Кандидатите за членство влегуваат во мрежата на главната обвинителка Лаура Ковеши додека уште не се членови. Превод за Македонија: нема веќе телефонски обвинител“, порача Кузеска.

    Таа додаде дека истрагата не запира пред презиме, функција и партиска книшка, нагласувајќи дека пет тони преку граница добиваат име, тендерот добива акт, а касата добива сопственик. Како пример ја наведе Унгарија, каде досега се уапсени двајца министри од владата на Виктор Орбан, додавајќи дека „така изгледа кога си во Унијата и кога власта не е организирана криминална група“.

    „Затоа арамијата ја затвора вратата. Затоа патоказ добиваат Црна Гора, Албанија, Молдавија, Украина. Ние сме изоставени со Косово и Србија. Затоа „не по секоја цена“ – зашто цената е нечија слобода“, рече Кузеска.

    Порача дека граѓаните на Македонија се заложници на актуелната власт, додавајќи дека доаѓа време кога истрагата нема да се нарачува по телефон и кога оваа група ќе одговара.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.