Author: Author 04

Вчера во Центарот за управување со кризи била примема пријава од А.М. дека на планината Кораб, во близина на Корабскиот водопад, општина Маврово-Ростуше, неговиот колега планинар А.С.(33) од Скопје доживеал несреќа, при што се здобил со скршеница на колкот и повреди на ногата. Поради непристапниот терен на надморска височина од околу 1.900 метри формирана е спасувачка екипа од претставници на Националниот парк „Маврово“, Итната медицинска помош и полициски службеници од Полициското одделение Маврово кој во 15:50 часот се упатила кон теренот од село Жужње. Во 23:10 часот, повредениот А.С. бил успешно спуштен во селото Жужње, од каде е пренесен во…

Повеќе

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, на својот фејсбук профил објави видео и фотографии од акцијата за чистење на Железничката станица во Скопје и напиша: ” По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје. Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град.Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално не-репрезентативен објект “накитен” со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена. Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна акција и сет на активности. За старт се отстранија сите билборди и…

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати празнична честитка до јавноста по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Во својата порака, собранискиот спикер ја нагласува нивната улога во поставувањето на темелите на писменоста и културниот развој. „По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовниот и културниот развој на словенските народи. Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, дијалогот и почитувањето меѓу народите“, вели Гаши.…

Повеќе

Уште само 7 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат, велат од СДСМ. „7 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски. 7 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од европската иднина. Од 10 клучни точки од Реформската агенда, реализирани се само мал дел и тоа делумно а останува и клучното: уставни измени за внесување на малцинствата. Без измени на Уставот и внесување на малцинствата, што е прашања на ЕУ,…

Повеќе

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати празнична честитка до граѓаните по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Во својата порака, таа го нагласува нивното цивилизациско и обединувачко значење како заштитници на Европа и основоположници на писменоста. „Почитувани сограѓани, Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа! Такви се солунските браќа, творците на глаголицата, објавувачите на божјата вистина на старословенски јазик, втемелувачите на сесловенската историја, описменувачите и просветителите на словенските народи. Нивното благословено и благородно дело и денес има обединувачка моќ…

Повеќе

Фотографијата на која членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон е со бугарскиот активист Виктор Стојанов, човек кој јавно го негира македонскиот идентитет и против кого државата води кривична постапка, е јасен доказ со кои луѓе соработува Венко Филипче и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Фотографијата е потврда за поврзаноста на Венко Филипче и раководството на СДС со структури кои отворено работат против македонските национални интереси. Венко Филипче е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија, Филипче отворено ги промовира бугарските позиции и има ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени од Румен Радев. Стојанов…

Повеќе

Со особена почит и благодарност денес се сеќаваме на делото на Светите Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост, просветителството и духовноста. Нивната мисија не претставува само историско наследство, туку и трајна вредност што не обврзува да продолжиме да го негуваме знаењето, образованието и културниот развој како темели на современото општество, вели министерот за јавна администрација Горан Минчев во честитката по повод Денот на сесловенските просветители. – Во време на брзи промени и современи предизвици, нивното дело останува симбол на мудрост, напредок и духовно обединување. Токму затоа, наша заедничка обврска е да продолжиме да ги чуваме и афирмираме вредностите што…

Повеќе

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја, а денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, порачува ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. – Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука, глаголицата, Светите браќа Кирил и Методиј, овозможија ширење на словото Божјо на разбирлив и народен јазик, отворајќи пат кон писменоста, просветата и духовниот развој на словенските народи. Нивната мисија беше подоцна продолжена од нивните ученици, меѓу кои…

Повеќе

Денеска го одбележуваме 24 Мај –  Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и духовност, напиша Внеко Филипче. „Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост. Горди сме што нивното просветителско и духовно наследство е длабоко поврзано со нашата татковина, со Охрид како еден од најзначајните центри на словенската писменост. Со создавањето на глаголицата, а потоа и преку продолжувањето на нивната мисија од страна на нивните следбеници, меѓу кои и Свети Климент Охридски, е создадена…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Охрид, каде ќе земе учество во централното одбележување на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Како што е најавено, претседателот на Владата ќе има официјално обраќање на свечената академија насловена „Од слово до вечност“. Оваа празнична манифестација традиционално ќе се одржи во препознатливиот амбиент на црковниот храм „Св. Софија“ во Охрид. Пред почетокот на свечената академија, премиерот Мицкоски ќе им оддаде почит на сесловенските просветители со положување свежо цвеќе. Делегацијата предводена од премиерот ќе го положи цвеќето пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа на самиот…

Повеќе