Author: Author 04

Малолетно дете со повреди било пренесено во болница откако паднало од тераса на напуштен објект во центарот на Куманово. Случајот во полицијата го пријавил лекар од Итната медицинска помош синоќа околу 21:20 часот. Од СВР Куманово потврдуваат дека несреќата се случила на улицата „Кирил и Методиј“. „Според пријавеното, тоа со повредите се здобило при пад од тераса во запуштен објект на улицата „Кирил и Методиј“ во Куманово“, соопшти полицијата. Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Станува збор за поранешниот „Пионерски дом“, објект кој со години е запуштен и демолиран…

Повеќе

Пратеникот Миле Цеков официјално ја напушти партијата ЗНАМ и со тоа излезе од владејачкото мнозинство во Собранието. Цеков најави дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник, потенцирајќи дека негов врвен приоритет ќе бидат исклучиво интересите на граѓаните. Како клучни причини за ваквиот чекор, тој го наведе незадоволството од темпото на ветените реформи и борбата против корупцијата. „Промените за кои влегов во политиката не се случуваат во пракса. Не прифаќам да бидам дел од систем оптоварен со корупција и криминал“, истакна Цеков, додавајќи дека постојат длабоки несогласувања со раководството на ЗНАМ. Пратеникот јасно се диференцираше од партиските ставови и во…

Повеќе

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, истакна дека Владата спроведува континуирани мерки за заштита на животниот стандард и правата на работниците. Дурмиши потенцираше дека инфлацијата сега се движи меѓу 4,5% и 4,9%, што е значително намалување во споредба со кризната 2022 година. Министерот нагласи дека кај 55 основни производи растот на цените е минимален, а трговските маржи се намалуваат, што според него покажува дека трговците преземаат дел од товарот. Во однос на идните чекори, Дурмиши најави нови таргетирани мерки. Се разгледува можноста за дополнително намалување на ДДВ за основните прехранбени производи…

Повеќе

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Комитетот за истрага на воздухопловнинесреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на соработката и размената на информации поврзани со истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Меморандумот го потпишаа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Комитетот Марјан Прпоски. Со документот треба да се обезбеди ефикасна, координирана и правно усогласена соработка при спроведување на техничките истраги на КИНСИВ и кривично-правните истраги на Јавното обвинителство.

Повеќе

Денеска, во рамки на работната посета на Хрватска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. Оваа средба претставува потврда на интензивниот политички дијалог и конструктивната соработка што двете земји ја негуваат повеќе од три децении, а се реализира во пресрет на потпишувањето на меѓувладиниот Договор за стратешка соработка, кој се темели на европските вредности, континуирано градената доверба и заемното почитување. На линија на искажаното задоволство од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, беше нагласен заемниот интерес за продолжување на политичкиот дијалог и…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Ерменија, со седиште во Софија, Цовинар Хамбарџумиан. На свечената церемонија, таа го искажа своето задоволство од именувањето на новата амбасадорка, непосредно пред нејзиното учество на Самитот на Европската политичка заедница во Ереван, истакнувајќи дека се работи за прва посета на македонски претседател на Република Ерменија и почеток на нова ера во меѓусебните односи. Таа потенцираше дека македонско-ерменските односи се втемелени врз заложбите за мир, прогрес и благосостојба. Според неа, во време кога знаењето, иновациите, вештачката интелигенција и дигитализацијата се најважните двигатели на развојот, географската оддалеченост сè помалку…

Повеќе

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд (1.05.2026 година – 03.05.2026 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. „На 01.05.2026 година (петок) и 03.05.2026 година (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот. Во сабота (02.05.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време (во две смени од 08:00 – 18:00 часот, и тие што работат во една смена од 08:00 – 13:00 часот). Жичницата на Водно нема да…

Повеќе

Со изнесување на завршните зборови во Основниот кривичен суд Скопје, денеска заврши судскиот процес против тројцата полициски службеници од Кочани: Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков. Судот најави дека одлуката за овој предмет ќе ја соопшти на 5 мај. Јавната обвинителка Спасенка Андонова побара осудителна пресуда, нагласувајќи дека во периодот од октомври 2023 до февруари 2024 година, обвинетите свесно ги занемариле своите службени должности. Според обвинението, Богатинов и Лазаров не постапувале соодветно при контролите во кабарето „Пулс“ во Кочани, со што овозможиле имотна корист за фирмата „ММММ Кафе“. Тие се товарат дека прифаќале усни изјави без легитимација и не…

Повеќе

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во однос на критиките за недоволно реализираното од Реформската агенда, како одговор на пратеничко прашање даде поширок контекст во насока на појаснување дека на крајот на јуни завршува „грејс периодот“, за оние индикатори кои требаше да бидат завршени заклучно јуни 2025 година. „Од 12, 10 треба до јуни да ги завршиме. Првиот индикатор е во делот на енергетиката, државата повеќе да не учествува со целосната количина на електрична енергија на тендерот којшто снабдувачот еднаш годишно, согласно новата одлука на Регулаторната комисија, го објавува за да може да ги снабдува граѓаните со струја. Практично, да престанеме…

Повеќе

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски се осврна на обвинувањата на опозицијата за евроинтегративниот процес. „Изјавите кои доаѓаат од дел од опозицијата, во случајот СДСМ, без разлика кој ги испраќа од актуелното раководство, се навистина збунувачки. Би рекол чудни изјави кои немаат за цел да ја кажат вистината, туку имаат за цел да направат што поголема сензација со растурање пердуви и невистина, надевајќи се дека ова раководство после поразот на следните парламентарни избори, сѐ уште ќе остане да биде раководство. Тие немаат стратегија или стратешка комуникација, која има за цел да создаде…

Повеќе