Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Куќниот притвор на Артан Груби истекува на 13 октомври, не затоа што судот го ослободил, затоа што обвинителниот предлог е поднесен на 13 август, а законот вели 60 дена, велат од СДСМ.

    „Одбраната нуди недвижен имот од 335.707 евра за да му се врати и пасошот. Судот уште не одлучил.

    Обвинителството треба да даде мислење.

    СДСМ не се меша во работата на судот и обвинителството. Тоа го прави арамијата.

    Прво го пречекаа со црвен тепих на граница. Со камери и свечен дочек. Потоа куќен притвор.

    Сега рок што истекува и гаранција за пасош. А, од кабинетот на арамијата Мицкоски, тишина.

    Арамијата најавува процеси, тужи, суди, пресудува.

    Од говорница, од телефон, од телевизија.

    Прави филмски акции, запленува 100 тони марихуана пред камери, а пет тони преку граница кон сестринската СНС остануваат без имиња на осомничени.

    Следниот ден вели: СДСМ води марихуана-економија. Така рече. Камерата е негова. Границата е негова. Само вината е туѓа.

    Сега, кога рокот истекува, кој е крив? Ако утре кажат СДСМ, лагата е спремна уште пред да ја изговорат.

    Обвинителниот предлог е од август. Рокот е согласно со законот, кабинетот е нивен, обвинителот е на нивен повик.

    Го ослободија Груевски. Го ослободија Латас. Пресудија за спас на Белата палата и ја легализираа корупцијата.

    Методот е ист.

    Какво му е чувството сега на главниот обвинител околу оваа власт? Што ќе каже?

    Пак СДСМ? Или овој пат ќе каже нешто друго? Кој го дочека на црвен тепих?

    Кој го работи предметот? Зошто пасошот се враќа со имот, а не со пресуда?

    Законот важи за сите, или не важи за никого. Бандата досега го споменува законот само пред камера.

    Затоа СДСМ инсистира на Европа. Затоа инсистираме на Лаура Ковеши. Затоа бараме слободно судство и независно европско обвинителство.

    Арамијата тоа не го поднесува. Затоа однапред ги осудува преговорите и ги вика коњопој  Затоа за Бугарите вели фашисти, па оди на средба.

    Чекорите народот веќе ги знае. Бандата не бега од Груби и од камерите. Бега од обвинителот што не е под нивна контрола, на телефон“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.