- Во Штипско пронајдено починато лице кое претходно било пријавено за исчезнато
- Тежок инцидент во Хрватска: Три лица загинаа во бродска несреќа
- Скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, па тие ја приведоа
- Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Аеродром
- Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние не нудиме фабрики за марихуана туку современа економија
- Пронајден мртов маж
- Нападнато 2-годишно дете, приведен 31-годишен скопјанец
- Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
Author: Author 04
Град Скопје и Националниот демократски институт (НДИ) потпишаа Меморандум за соработка со цел навремено препознавање, намалување и спречување на ризиците од корупција во градската администрација. Документот е дел од поширокиот проект „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет“. Како што соопштија од Градот Скопје, меморандумот го потпишаа градоначалникот на Град Скопје и директорот на НДИ, Роберт Скот Хејзлет. „Со овој меморандум ја продлабочуваме соработката меѓу Град Скопје и НДИ, преку конкретни активности насочени кон навремено препознавање, намалување и спречување на ризиците од корупција во градската администрација“, се наведува во официјалното соопштение. Преку оваа иницијатива, локалната самоуправа…
Патот кој води кон Средно Водно се наоѓа под целосна градежна реконструкција со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и уредување на инфраструктурата. Градежните активности опфаќаат обнова на коловозот, но и решавање на долгогодишните проблеми со атмосферските води и заштитните огради. Како што објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, проектот се реализира со сериозен пристап и силна динамика бидејќи овој правец е клучна точка за илјадници граѓани. „Водно е душата на Скопје. Место каде генерации скопјани пораснале, место каде се бара мирот по напорниот ден, каде семејствата го поминуваат слободното време. Токму затоа, со сериозен пристап и силна динамика, започнавме темелна реконструкција…
Две лица лишени од слобода од вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 20.05.2026 во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.Д.(33) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот по расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. На 20.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж од Скопје пријавил дека на 18.05.2026 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево му биле упатувани закани од неговата 33-годишна сопруга. На 20.05.2026 во 11:30 часот во Центарот за социјални работи во Тетово, полициски…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот Н.Л., исто така, ѝ упатил закани по животот. По предлог на СВР Куманово, Основен суд Куманово донесе решение за итна мерка отстранување од домот во времетраење од 30 дена.
Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, попладнево на прес-конференција. Филипче посочи дека актуелниот геополитички момент претставува една од најважните можности за државата да го продолжи европскиот пат и да стане дел од процесот на новото проширување на Европската Унија. Воедно, Филипче потенцираше дека посетата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта во Македонија, која ќе се реализира непосредно пред самитот за Западен Балкан во Подгорица, е уште еден сигнал дека проширувањето повторно е високо на агендата на Унијата. „Апелирам да му кажаме на претседателот…
Вчера во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода 34-годишната С.Ч., С.Т.(53), двајцата од Велес и С.Џ.Х.(55) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес, на масата на која седеле, користеле дрога. Полициски службеници ги затекнале лицата пред објектот, при што С.Ч. се однесувала агресивно кон нив, а подоцна на масата на која седеле во објектот биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја. Известен бил јавен обвинител, а од местото биле подигнати траги и остатоци од прашкастата материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано „Калин камен“ спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток. Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 14:05 часот во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во с.Скудриње, на место викано „Мустана нива“, бил пронајден починат М.С.(67) од истото село. Според пријавеното, М.С. управувал трактор со приколка, при што изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди, тој починал на местото, а лекар констатирал смрт. Увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Вчера во 10:26 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 08:00 часот при извршен претрес во установата биле пронајдени и одземени 92 кесички со прашкаста материја и дигитална вага. Дрогата е подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 15:30 часот пред Казнено- поправната установа Затвор Идризово, полициски службеници ја лишиja од слобода В.А.(25) од скопско затоа што при преглед на пакет кој го донела за осудено лице биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
