Author: Author 04

Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите. „Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите.

Повеќе

Македонската православна црква и верниците утре го празнуваат Покровот на Пресвета Богородица, празник со кој се одбележува нејзиното застапништво и духовна заштита на христијанскиот род. Според црковното предание, празнувањето е воспоставено во спомен на настанот од 1 октомври 911 година во Влахернската црква во Цариград, кога во времето на царот Лав Мудриот, за време на сеноќното бдение, Пресвета Богородица му се појавила на свети Андреј Јуродив со раширечен омофор, опкружена со светители и апостоли, молитвено покривајќи го присутниот народ. Црквата потсетува дека помошта и застапничките молитви на Пресвета Богородица низ вековите се покажале очигледни во сите неволји, како за поединците,…

Повеќе

Почетокот на денот носи напнати аспекти меѓу Месечината и јупитерската енергија, што кај многу знаци предизвикува дилеми меѓу идеалите и реалноста, како и зголемени тензии на професионален и приватен план. Овен – Месечината во Шкорпија и вашата осма куќа на долгорочни финансии формира напнат аспект (квадрат) со дарежливиот Јупитер, терајќи ве да се чувствувате како да треба да избирате меѓу вашите идеали и вашата финансиска добивка. Донесувањето одлуки сведете го на минимум, бидејќи може да бидете заведени на погрешен пат и да донесете ризична одлука во врска со вашите финансиски тешкотии, водени од прекумерен ентузијазам. Бик – Хармонијата може да…

Повеќе

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Подгорица, оствари средба и со министерот за транспорт на Црна Гора, Радош Зечевиќ. На средбата се разговараше за можноста за унапредување на транспортното поврзување меѓу Македонија и Црна Гора, подобар пристап на пристаништата и нови развојни политики за меѓусебна соработка. Николоски и Зечевиќ разговараа и за зголемување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, а беше потенцирана и потребата од подобро регионално поврзување и модернизацијата на транспортната инфраструктура. Вицепремиерот истакна дека Македонија работи на доизградба и модернизација на европските транспортни коридори, со цел подобро поврзување на регионот,…

Повеќе

Околу 30.000 шишиња врвно вино во вредност од пет милиони евра се украдени изминатиот викенд од магацин на познатата италијанска винарија „Маркизи Антинори“. Компанијата соопшти дека станува збор за организиран грабеж и ги предупреди купувачите да бидат внимателни со понудите кои не доаѓаат од официјалните продажни канали. Според соопштението на компанијата, меѓу украдените производи се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 шишиња „Солаја“, една од најбараните италијански етикети, како и вина „Тињанело“ и „Гуадо ал Тасо“. Малопродажните цени на овие вина започнуваат од 150 евра, додека најретките берби достигнуваат вредност од неколку илјади евра за шише. Од винаријата со седиште во…

Повеќе

Хрватската рок-сцена остана без еден од своите најпрепознатливи музичари. Горан Баре, фронтменот на култната група „Мајке“, почина на 62-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на бендот, Марио Рашиќ и Ален Тибљаш. Според нивните изјави за „Вечерњи лист“, безживотното тело на Баре било пронајдено денеска околу 13 часот во неговиот стан. Тие посочиле дека во изминатите пет години се обидувале да го убедат да побара стручна помош поради здравствените проблеми, но без успех. Баре беше една од највпечатливите фигури на хрватската рок-сцена. Како пејач и автор на „Мајке“, зад себе остави музика што одбележа генерации слушатели. Меѓу најпознатите…

Повеќе

Сериозен инцидент со жртви се случил во петокот попладне во селото Ливоч во близина на Гњилане, кој според последните информации прераснал во двојно убиство, дознава порталот IndeksOnline. Се сомнева дека маж со потекло од селото Лаштица, од семејството Рамуши, ја убил својата сопруга и член на нејзиното семејство од семејството Богујевци од селото Ливоч, а во инцидентот биле повредени уште три лица. Првичните неофицијални информации укажуваат дека мотив за крвопролевањето биле семејни проблеми и барање за развод. Косовската полиција веднаш излегла на местото на настанот и интензивно работи на расчистување на случајот. Портпаролот на полицијата за регионот Гњилане, Исмет Хашани,…

Повеќе

Владата ја продолжува мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 на 10 отсто, која ќе важи до 20 октомври 2026 година, со цел ублажување на ценовните притисоци врз домаќинствата и стопанството. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на Фејсбук нагласи дека одлуката е насочена кон заштита на животниот стандард и економската стабилност. „Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 отсто на 10 отсто, до 20 октомври 2026 година. Со оваа мерка влијаеме врз малопродажните…

Повеќе

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на работната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со Филип Ивановиќ, заменик-претседател на Владата на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи. На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, продлабочување на добрососедските односи и можностите за интензивирање на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската интеграција на земјите, регионалната соработка и значењето на заедничката посветеност на европската перспектива на регионот. Беше заклучено дека на регионот му се потребни партнерства, регионална повраност и економска соработка. Македонија е подготвена да…

Повеќе

Сообраќајна несреќа се случила денеска на крстосницата од улиците „Веселина Маслеше“ и „Иве Лоле Рибара“ во Бачка Паланка, во која учествувале два патнички автомобила, пренесува „Србија Данас“. Според првичните, неофицијални информации од теренот објавени на Инстаграм-страницата „backapalankadesavanja“, до убодот дошло откако едно од возилата минало на црвено светло на семафорот, по што удрило во другото возило. Сообраќајот на оваа делница се одвива несметано, а полицискиот увид треба да ги утврди сите околности под кои се случила несреќата. Надлежните упатија апел до возачите строго да ја почитуваат светлосно-сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот.

Повеќе