Author: Author 04

До надлежниот суд утринава е доставен предлог за определување мерка притвор за Ива Михаилова, која замина во Бугарија и покрај судската забрана за напуштање на државата. Случајот предизвика реакции откако таа ја напушти Македонија, иако имала активна судска забрана. Михаилова е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици. Од МВР соопштија дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од земјата, а преку заедничкиот контакт-центар било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез. И покрај тоа, Михаилова и нејзиниот бугарски адвокат тврдат дека преминале преку граница со лични документи, додека македонските…

Повеќе

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција остри критики упати кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за политиката што ја водел заедно со поранешниот премиер Зоран Заев. Според Манасиевски, Филипче сака да се претстави во друго светло откако претходно биле донесени одлуки кои, како што наведува, го загрозиле националниот идентитет. – Филипче сака да стане партизан откако со Заев ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот. Филипче сака да стане партизан, откако со Заев им дозволија на Бугарите да не потценуваат и да ни го негираат идентитетот, јазикот и културата. Филипче сака да стане партизан откако јасно…

Повеќе

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето против 13 полициски службеници од Кочани и Штип, обвинети во случајот поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според обвинителството, полицајците кои биле присутни критичната вечер не постапиле според акциските протоколи и не го спречиле користењето пиротехнички средства, пренесува 4news.mk. На денешното рочиште предвидено е сослушување на двајца сведоци предложени од одбраната. Првиот сведок, вработен во Територијалната противпожарна единица во Кочани, сведочеше за интервенцијата во кобна ноќ. Тој наведе дека дежурал кога пристигнала дојавата за пожар во 2:35 часот, а поради слабиот сообраќај стигнале до објектот за нешто помалку…

Повеќе

Времето утре променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Од УХМР соопштија дека до петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево…

Повеќе

Кети Штерјова од редовите на СДСМ на денешната прес-конференција побара итна оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и целосна одговорност за сите вмешани во бегството на Ива Михаилова надвор од државата. Од партијата истакнуваат дека Михаилова ја напуштила земјата и покрај тоа што судот ѝ ги одзел македонскиот и бугарскиот пасош, посочувајќи дека таа јавно изјавила оти ја минала границата легално со лична карта, додека од МВР тврдат дека нема евидентиран излез. – МВР вели нема евидентиран излез. Јасно е сè. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат. Ова е договорено! – вели Штерјова. Од партијата бараат утврдување…

Повеќе

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата ќе продолжи да ја следи безбедносната ситуација во Црното Море и да ги прилагодува своите одбранбени мерки по потреба, по неодамнешните напади врз трговски бродови во близина на бугарскиот брег. „Разговарав со бугарскиот премиер Румен Радев за неодамнешните напади врз трговски бродови во Црното Море. НАТО ќе продолжи тесно да соработува со своите сојузници во регионот. Веќе го зајакнавме нашето присуство на источното крило и ќе продолжиме да ја следиме безбедносната ситуација, прилагодувајќи ги нашите мерки за одвраќање и одбрана по потреба“, напиша Руте на социјалната мрежа „Икс“ (X). Претседателката на…

Повеќе

Во периодот од 5 до 11 октомври 2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар отстранети се 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Од претпријатието посочуваат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање е неопходна поголема сообраќајна култура, поради што ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар. Целта на овие акции е да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми општата безбедност во сообраќајот на…

Повеќе

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на работниот појадок на маргините на Советот за општи работи на Европската Унија, ја истакна важноста од вклучување на земјите-кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност уште од самиот почеток, соопшти Министерството за европски прашања. Во своето обраќање, министерот Сали нагласил дека странското манипулирање со информации, кибернападите и притисоците врз независните медиуми и граѓанското општество претставуваат заеднички закани за земјите-членки на ЕУ и за земјите кандидатки, додавајќи дека демократската отпорност стана суштински дел од европската безбедност. – Учеството во Центарот би ѝ овозможило на Северна Македонија навремен пристап до…

Повеќе

Американскиот актер Ар Џеј Мити, најпознат по улогата на Волтер Вајт Џуниор во култната серија „Breaking Bad“, почина во 34-годишна возраст, објави порталот TMZ. Според информациите што ги потврди службено лице од округот во Тексас, смртта на актерот се случила во понеделник, 12 октомври. TMZ наведува дека станува збор за самоубиство, додека надлежните органи сè уште ги истражуваат целокупните околности на настанот. Мити стекна светска слава глумејќи го ликот на Волтер Вајт Џуниор, синот на главниот протагонист што го толкуваше Брајан Кренстон. Тој се појави во 56 епизоди од серијата, која постигна глобална популарност, а во текот на кариерата учествуваше…

Повеќе

Русија во текот на ноќта беше изложена на еден од најголемите напади со беспилотни летала, а според податоците од руското Министерство за одбрана, системите за воздушна одбрана пресретнале и уништиле вкупно 604 украински дронови над повеќе региони. Операцијата траела 12 часа, од 20 часот во понеделник до 8 часот наутро во вторник по московско време. Од руското Министерство за одбрана преку соопштение нагласија: – Во текот на ноќта од синоќа, од 20 часот од 12 октомври до 8 часот наутро по московско време на 13 октомври, силите за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 604 украински беспилотни летала – се вели…

Повеќе