Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали на Советот за општи работи на ЕУ: Земјите-кандидатки итно да се вклучат во Европскиот центар за демократска отпорност
    • Запален службениот „Мерцедес“ на заменик-директорот на Државна лотарија
    • Привремен режим на сообраќај, ќе се вози наизменично – АМСМ со важна вест
    • Млад актер од хит серија пронајден мртов
    • Масовен напад со дронови врз Русија: Москва тврди дека се соборени над 600 беспилотни летала
    • ФОТО+ВИДЕО: Криел дрога во форма на бонбони – Боди-камерите го откриле на Табановце
    • Хорор на небото – Дојава за бомба во авион
    • Македонската полиција му упаднала дома и веднаш го привела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали на Советот за општи работи на ЕУ: Земјите-кандидатки итно да се вклучат во Европскиот центар за демократска отпорност

    Сали на Советот за општи работи на ЕУ: Земјите-кандидатки итно да се вклучат во Европскиот центар за демократска отпорност

    13.10.2026 во 11:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на работниот појадок на маргините на Советот за општи работи на Европската Унија, ја истакна важноста од вклучување на земјите-кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност уште од самиот почеток, соопшти Министерството за европски прашања.

    Во своето обраќање, министерот Сали нагласил дека странското манипулирање со информации, кибернападите и притисоците врз независните медиуми и граѓанското општество претставуваат заеднички закани за земјите-членки на ЕУ и за земјите кандидатки, додавајќи дека демократската отпорност стана суштински дел од европската безбедност.

    – Учеството во Центарот би ѝ овозможило на Северна Македонија навремен пристап до европските процени на заканите, механизмите за рано предупредување, експертизата и оперативните мрежи. Истовремено, би ги зајакнало капацитетите за спротивставување на дезинформациите, стратешката комуникација и кибербезбедноста, како и поддршката за независните медиуми и граѓанското општество, придонесувајќи за реформите во темелните области на пристапниот процес – нагласува МЕП.

    Министерот истакнал дека државата има намера да биде активен придонесувач и да го сподели своето искуство во справувањето со хибридните закани. Тој информирал дека веќе се започнати внатрешни подготовки, при што Министерството за правда е определено како координативна институција.

    Прочитај повеќе

    Запален службениот „Мерцедес“ на заменик-директорот на Државна лотарија

    13.10.2026 во 10:54

    Привремен режим на сообраќај, ќе се вози наизменично – АМСМ со важна вест

    13.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.