Ноќеска, по полноќ, било запалено службено возило на Државна лотарија, кое го користел заменик-генералниот директор Ахмет Мифтари, објавува „Фокус“.
Од МВР за „Фокус“ потврдиле дека пожарот бил пријавен во 2:12 часот на улицата „Крсте Асенов“ во Скопје. Станува збор за патничко возило „бејџинг бејч“, сопственост на Државна лотарија на Македонија.
Пожарот го изгаснала Бригадата за противпожарна заштита, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Засега нема дополнителни информации за причините за пожарот.

