До надлежниот суд утринава е доставен предлог за определување мерка притвор за Ива Михаилова, која замина во Бугарија и покрај судската забрана за напуштање на државата.
Случајот предизвика реакции откако таа ја напушти Македонија, иако имала активна судска забрана. Михаилова е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.
Од МВР соопштија дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од земјата, а преку заедничкиот контакт-центар било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез.
И покрај тоа, Михаилова и нејзиниот бугарски адвокат тврдат дека преминале преку граница со лични документи, додека македонските институции потврдуваат дека такво преминување не е регистрирано.

