Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Груби од денеска е слободен граѓанин – Ќе му го врати ли судот пасошот?

    Груби од денеска е слободен граѓанин – Ќе му го врати ли судот пасошот?

    13.10.2026 во 11:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Артан Груби од денеска повеќе не е во куќен притвор, откако на 13 октомври истече законскиот рок за траење на оваа мерка. Поранешниот вицепремиер речиси осум месеци беше со ограничено движење во домашни услови, но и понатаму нема да може да ја напушти државата.

    Причината е што сè уште важи мерката за привремено одземање на неговата патна исправа, како и забраната за издавање нов документ за преминување на државната граница.

    Неизвесно останува и дали судот ќе го прифати барањето на неговата одбрана за враќање на пасошот. За таа цел, адвокатите понудија гаранција во недвижен имот проценет на 335.707 евра, со образложение дека Груби ќе биде достапен за органите на прогонот во текот на постапката.

    Од Кривичниот суд претходно појаснија дека куќниот притвор истекува на 13 октомври 2026 година, бидејќи според Законот за кривичната постапка, притворот по поднесен обвинителен предлог може да трае најмногу 60 дена. Обвинителниот предлог против Груби е поднесен на 13 август годинава.

    Поранешниот вицепремиер е обвинет во случајот „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите се и поранешниот директор на претпријатието Перпарим Бајрами и уште неколку лица.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.